Објавено на:

Мигрант (36) од Пакистан пронајден мртов кај гевгелиско Мрзенци

t

МВР информира дека вчера на место викано „Мрзенско поле“, во атар на село Мрзенци, гевгелиско, бил пронајден починат мигрант А.М..

Според пријавеното, околу 11:52 часот, мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош, а по пристигнувањето на местото, полициските службеници затекнале тројца мигранти кои не поседувале лични документи, но кажале дека се од Пакистан и едно починато лице, за кое изјавиле дека е на возраст од 36 години и било заедно со нив.

Лекар констатирал смрт кај лицето, без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот мигрант е предадено на обдукција.

Мигрантите се пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“-Гевгелија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мигрант (36) од Пакистан пронајден мртов кај…

МВР информира дека вчера на место викано…

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Пронајден превртен трактор, 54-годишен…

Тешка несреќа го потресе прилепскиот регион, откако…

Ресенчанец нападнат од мечка додека собирал печурки…

Секторот за односи со јавност при СВР…

Македонија прва во регионот, Скопје најбрзо расте…

Додека другите аеродроми од поранешна Југославија се…

Забранета е за пиење водата во Гостивар…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде…