Забранета е за пиење водата во Гостивар откако градскиот водовод на диво ставил пумпа за да црпи од вардар, затруени над 1.200 жители
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба. Со надзорот е утврдено дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем. Над 1.200 жители на Гостивар побарале медицинска помош во Градската болница жалејќи се на стомачни тегоби и повраќање.
„По добиено известување од Јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување на вонреден инспекциски надзор на пречистителна станица за вода во село Вруток, Општина Гостивар, за испитување на безбедноста и квалитетот на водата за пиење во овој водоснабдителен систем, добиени поплаки од граѓани до ОЈО Гостивар и пријава од МВР Гостивар во однос на безбедноста и квалитетот на водата за пиење, инспекциски служби на АХВ, со претставници на Министерството за животна средина, ОЈО Гостивар и крим техника – МВР Гостивар, вчеравечер спроведоа вонреден инспекциски надзор. Од страна на стручни лица на Институтот за јавно здравје кои биле присутни на надзорот, земени се мостри од водата за лабораториско тестирање со цел утврдување на нејзината безбедност. За да се спречи поголема опасност за населението од овој регион, АХВ издаде времена забрана за употреба на водата за пиење се до добивање на резултатите од лабораторското тестирање со кое ќе се потврди нејзината безбедност“, велат од АХВ.
Од болницата велат дека ваквата состојба е присутна во последниве 3-4 дена. Од СВР Тетово велат дека постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се вбризгувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот. Оваа активност најверојатно била преземена со цел да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг на вода за пиење, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните на Гостивар.
„Во врска со епидемијата која се шири во Гостивар овие 3-4 дена, имаме голем број на пациенти на кои им е дадена медицинска помош во нашата установа, заради која сме направиле и зајакнување на медицинскиот персонал во одделенијата каде има голем број на пациенти. Поголемиот број на пациентите се со исти симптоми како повраќање, диареја, болки во желудникот, температура, омалаксаност итн. Најголем број на пациентите со овие симптоми има во Инфектологија, Детско одделение и во Ургентна Единица.
Во овие денови во ЈЗУ Општа болница ‘Д-р Ферид Мурад’’ Гостивар, со овие симптоми се пријавени околу 1.000-1.200 пациенти. На сите пациенти им е дадена медицинска помош и соодветна терапија“, соопшти Општата болница од Гостивар.
Проблемот е пријавен и во СВР Тетово од каде, по преземените активности утврдиле дека причината најверојатно била во вбризгување на загадена вода во градскиот водовод за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа од црпно место во село Вруток.
„На 16.07.2026 околу 18:20 часот, инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, постапувајќи по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, презедоа итни мерки и активности на терен во село Вруток, поради сомневање за загадување на водата со која се снабдува градот Гостивар“, стои во соопштението од СВР Тетово.
„Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, поради сомнение за сторено кривично дело Загадување на вода за пиење’, предвидено и казниво по член 219 од Кривичниот законик“, вели СВР Тетово.
Од Центарот за јавно здравје од Гостивар велат дека испитувањата на квалитетот на водата се во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забранета е за пиење водата во Гостивар…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде…
Савески: Рано е за правна квалификација на…
Државниот јавен обвинител Ненад Савески потврди дека…
Гром предизвика пожар кај село Макреш, изгореа…
Гром предизвика пожар во атарот на селото…
Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда,…
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека на 15…
Османи: ВЛЕН се толку очајни што официјалните…
Денес навистина мора да се очајни во…