Милановиќ: Косово оставено само на себе, ја загуби поддршката од сојузниците
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ при посетата на претседателката на Косово Вјоса Османи на Загреб, изјави дека Косово е оставено на себе и дека земјата ја загубила поддршката од сојузниците, пренесува Индекс. хр.
Милановиќ за Османи рече дека таа е лидер на „пријателска земја, која имаше слична, но не иста судбина како Хрватите“.
По тој повод Милановиќ се присети и на текот на војната во СФРЈ.
– Имавме тежок почеток, не бранеа неколку добри луѓе и на почетокот немавме помош. Сите тие сојузници и пријатели седеа со скрстени раце. Косово започна поинаку, со многу поддршка која во меѓувреме беше изгубена и исчезна – изјави хрватскиот претседател, пренесува Косово онлајн.
Тој потоа објасни зошто верува дека ситуацијата за Косово толку многу се сменила.
„Сега се оставени сами на себе, пет членки на ЕУ и НАТО не ги признаа, затоа Османи е денеска овде како моја гостинка и затоа ова е заедно со нашите прослави и нашите денови на гордост и слава. Во исто време е и почит и признание за нашата пријателска земја – рече Милановиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…
Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…
Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…
Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…
Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
Кривичен ја одби жалбата за притвор на…
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…