Објавено на:

Милионска штета од штрајкот на вработените во воздушниот сообраќај во Италија

t

Штрајкот во италијанскиот воздушен транспорт во саботата резултираше со откажување на речиси 1.000 летови, објави новинската агенција АНСА.

Според синдикатот кој го свика штрајкот, на него учествувале речиси сто проценти од вработените кои се очекуваше да штрајкуваат, наведува агенцијата.

Неколку стотици летови беа откажани само на главните италијански аеродроми во Рим, Милано, Неапол и Венеција, при што беа погодени околу 250.000 патници.

Здружението за заштита на потрошувачите „Кодаконс“ смета дека штетите поради откажување и доцнење се во милиони.

Покрај копнениот персонал, штрајкуваа и пилотите на Малта Ер, кои управуваат со летовите на „Рајанер“ во Италија, како и пилотите и стјуардесите на нискобуџетната авиокомпанија „Вулинг’.

Ова беше втор голем штрајк во Италија, по штрајкот на железницата во четвртокот што предизвика значителен прекин на јавниот транспорт.

Штрајковите ја погодуваат земјата, популарна дестинација за одмор, во екот на шпицот на туристичката сезона и топлотниот бран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши: Италија е силен поддржувач на Македонија…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари…

Семејство со три деца во Италија со…

Семејство со три деца, со автомобил излетало…

Тајани: Одлуката на Шолц за користење на…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Голема акција во Италија: 142 лица се…

Италијанските власти соопштија дека денеска во операција…