Министерот за правда разговараше со судиите-поротници за нивните барања и надоместоците

t

Министерот за правда Јетон Шасивари, заедно со заменик-министерот Ален Деребан, денеска оствари работна средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, и со судиите-поротници, на која се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат при извршувањето на својата функција, со посебен акцент на висината на нивните надоместоци.

На средбата беше истакнато дека судиите-поротници имаат важна улога во судскиот систем, бидејќи овозможуваат активно учество на граѓаните во вршењето на судската власт и придонесуваат за транспарентноста, правичноста и зајакнувањето на довербата во судството.

Шасивари беше информиран дека Судскиот совет во јуни годинава доставил барање за измена на Правилникот за надоместоците на судиите-поротници од 2018 година, со кое се предлага зголемување на нивните надоместоци.

Во разговорите беше посочено и дека судовите се соочуваат со недостиг на судии-поротници, што претставува сериозен предизвик за непреченото функционирање на судечките совети и навременото постапување по предметите.

Од Министерството за правда соопштија дека ќе ги разгледаат доставените предлози и ќе продолжат да работат на изнаоѓање одржливи решенија за поефикасно функционирање на судскиот систем, со соодветно вреднување на улогата и придонесот на судиите-поротници во остварувањето на правдата и владеењето на правото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот за правда разговараше со судиите-поротници за…

Министерот за правда Јетон Шасивари, заедно со…

Москва повторно гори

Повеќе од 400 беспилотни летала биле насочени…

Брент ја надмина границата од 90 долари…

Цените на нафтата пораснаа утрово, бидејќи конфликтот…

(Видео) Срамно: Еве како легендарниот Аргентинец го…

Аргентинците не само што не одиграа ништо…

Досега 3.100 затруени во Гостивар, анализите се…

За надминување на состојбата со водоснабдувањето во…