Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници

t

Министерството за здравство најостро го осудува инцидентот пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, при кој се нападнати здравствени работници додека ја извршувале својата професионална должност, стои во соопштението на Министерството за здравствo.

Секој облик на насилство, закани или попречување на здравствените работници во извршувањето на нивните работни задачи е недозволив и мора да биде соодветно санкциониран.

-Напоменуваме дека напад врз здравствен работник и здравствен соработник претставува кривично дело . Согласно член 304-г од Законот за здравствената заштита, за напад или сериозна закана кон здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е предвидена парична казна или казна затвор, а во зависност од околностите и последиците од нападот, и построги казни, велат од МЗ.

Здравствените работници секојдневно се на првата линија во грижата за здравјето и животот на граѓаните.

-Насилството нема место во здравствените установи. Почитувањето и заштитата на здравствените работници мора да бидат заеднички приоритет, посочуваат од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство го осудува насилството врз…

Министерството за здравство најостро го осудува инцидентот…

Стотици училишта во Германија и во Данска…

Повеќе од 450 училишта ширум Германија денеска…

Пожар во стан на Бит Пазар, сопственикот…

На 22.11.2026 во 11:00 часот во СВР…

Тошковски: Формиран Национален комитет за заштита на…

Во Скопје денеска се одржа конститутивниот состанок…

Зеленски повторно побара Украина да стане членка…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска преку…