Миноски: Македонија станува зависна од увоз на струја, енергетиката е прашање на државна безбедност

t

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски предупредува дека енергетиката мора да се третира како критична инфраструктура и прашање на државна безбедност, особено во услови на глобални конфликти и политичка нестабилност.

Во анализа објавена на социјалните мрежи, Миноски посочува дека во време на кризи, како што се војната во Украина и тензиите на Блискиот Исток, стабилноста на секоја економија зависи од три клучни столба – енергетската безбедност, безбедноста во производството на храна и соодветната фискална политика.

Тој нагласува дека Македонија има дефицит во трговијата со електрична енергија. Според податоците што ги наведува, во 2024 година домашното производство покривало околу 89 проценти од потребите, додека нето-увозот изнесувал 11,03 проценти од бруто потрошувачката.

Дополнително, Миноски предупредува дека домашното производство континуирано опаѓа. Во 2024 година биле произведени 6.129 GWh електрична енергија, што е намалување од 6,47 проценти во споредба со 2023 година и повеќе од 25 проценти во однос на нивото од пред една деценија.

Термоцентралите на јаглен учествувале со 38,43 проценти во производството, но и таму е забележан пад од 23 проценти во однос на претходната година.

Миноски посочува и на проблеми во секторот на обновливите извори на енергија, каде, како што наведува, доминираат приватни компании за кои често не се знае крајната сопственичка структура, а добиле пристап до јавни ресурси. Според него, нетранспарентноста го прави секторот подложен на политичко влијание и корупција.

Тој додава дека најголемите корупциски скандали, според вредноста и обемот, се поврзани токму со енергетскиот сектор, особено со увозот, производството и продажбата на електрична енергија и енергенси.

Како пример, Миноски го посочува моделот на повеќе европски земји, каде критичната енергетска инфраструктура е под силна државна контрола. Во држави како Шведска и Норвешка, големи државни компании управуваат со значителен дел од производството на електрична енергија, додека преносните мрежи се најчесто во целосна или доминантна сопственост на државата.

Според него, ваквиот модел покажува дека и во либерализиран пазар државата останува клучен играч во управувањето со критичната инфраструктура со цел да се обезбеди стабилност на системот и заштита на јавниот интерес.

Миноски оценува дека состојбата во Македонија укажува на негрижа за сопствените ресурси како водата, ветерот и сонцето, како и на отсуство на долгорочна и одржлива енергетска политика.

„Енергетската политика е прашање на суверенитет, економска иднина и доверба во државата. Држава која нема контрола врз својата енергетика, нема контрола ниту врз својата економска иднина“, наведува Миноски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Миноски: Македонија станува зависна од увоз на…

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски предупредува…

Дали имате ќеркичка за тато? – Се…

Фејсбук-групата наречена „Ќерки и татковци – Кореспонденција“…

Се заканува ли глад во светот поради…

Светот е фокусиран на танкерите за нафта…

(Видео) Орбан заплаче пред камера зборувајќи со…

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, ги обвини Украинците…