Објавено на:

Мистер Бин се враќа: Роуан Аткинсон повторно на Вест Енд по 40 години

t

Британскиот актер и комичар Роуан Аткинсон ќе ги врати своите култни ликови Мистер Бин и Блекедер на лондонскиот Вест Енд во новото шоу „Роуан во живо“.

Ова ќе биде неговото прво шоу со скечеви на Вест Енд по 40 години, а се предвидени само 30 изведби, од 8 февруари до 13 март 2027 година, во театарот „Џилијан Лин“.

Покрај добро познатите ликови, Аткинсон ќе изведува и нов комичен материјал.

„Поминаа 40 години откако последен пат направив комично шоу на Вест Енд. Помислив дека би било забавно повторно да ги изведам скечевите со кои почна сѐ за мене и од кои произлегоа моите најпознати ликови“, изјави 71-годишниот актер.

На новиот материјал Аткинсон работи со долгогодишниот соработник Ричард Кертис и со Бен Елтон, еден од авторите на „Блекедер“.

Мистер Бин првпат се појави на сцената во 1980-тите, а подоцна стана светски познат преку телевизиската серија, филмовите и анимираната верзија. Аткинсон повторно го играше ликот и на отворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Актерот има и богата театарска кариера. Во 2009 година беше номиниран за наградата „Оливие“, а последен пат настапи на Вест Енд во 2013 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама објави слика од средба со Филипче…

Албанскиот премиер Еди Рама на „Фејсбук“ објави…

Феноменот сега станал „Мега Ел Нињо“: Пацификот…

Американскиот метеоролог Рајан Мау објави мапа на…

Зеленски предупреди: Русија подготвува нови напади врз…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руските…

Снег ја белее Попова Шапка, температурите под…

Снег вечерва врне на Попова Шапка, на…

(Видео) Либија: Украина ни објави војна

Претседателскиот совет на Либија ја прогласи Украина…