Митовски: Камчев бил држен во ќелија од 1,75м на 1,75м без вода за пиење, во нормална држава за ова ќе имаше и kpивична одговорност и оcтавки

t

Митовски во емисијата „Заспиј ако можеш“ истакна дека правниот систем во Македонија е на ниво како во некои африкански земји. Уредникот на Инфомакс исто така посочи дека одличен пример за тоа е случајот со Орце Камчев, кој, како што истакна Митовски, кога дошол поранешниот Еврокомесар за борба против дискриминација и религиозни слободи Јан Фигел, Камчев бил држен во многу помала ќелија од стандардите без никаква вода.

„Ни дојде висок поранешен Еврокомесар на Европска Унија, Јан Фигел. Тој беше комесар за борба против дискриминација и религиозни слободи. Тој беше тука и ја спореди нашата земја во интервју за мене, со земји како Судан, Мароко итн“. – истакна Митовски.


„Правниот систем на Македонија го спореди со тие земји, со тоа што сметаше дека Македонија е полоша можеби во некои аспекти од овие земји, особено што тука беше дојден да ја констатира состојбата во која што Орце Камчев се држи во притвор, каде што во тој период кога дојде Фигел, Камчев беше држен во ќелија која што е помала од стандардизираните ќелии, се работи за ќелија од 1,75 м. на 1,75 м, без вода за пиење, ниту санитарна вода, ниту провев… значи беше чуван во таква ќелија и од тој аспект Фигел ја рангираше Македонија на ниво од овие африкански земји“ – дополни Митовски.

„Во нормална држава каде што нели владее правото и државата е правна, во таква ситуација, директорот на затворот би требало најмалку да сноси кривична одговорност. Министерот за правда би требало да си даде оставка, а судијата да биде разрешен. Кај нас таа ситуација не се случува, баш напротив. – заклучи Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мисајловски: Во преговорите со Бугарија мора да…

Точно да денес ги проследивме овие овие…

Донев: Очигледно Ковачевски прифати Бугарите да влезат…

Покрај договорот што го потпиша Заев, фактички…

Митева: Дали владата ќе преговара за историјата…

Во 2020 и 2021 година континуирано зборувавме…

ВМРО-ДПМНЕ: Европол открива aтeнтат врз Вучиќ, од…

Нов скандал го тресе МВР на Спасовски.…

„Секоја година владата на заевизмот најавува економски…

Нова буџетска година, а стари излитени лаги…