Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков врел дипломатски шамар како на Мицкоски вчера

t

Не дека многу ги почитувам или поздравувам активностите на американската дипломатија, но факт е дека е најмоќната дипломатија на светот.

Ваква изјава би била секако скандалозна доколку дојде од друг дипломат, но, не и од дипломат на САД. Разбирливо…

Но она што е поважно е пораката која е испратена.

Заменик-државниот секретар на САД за Европски прашања, втор по ранк по Блинкен, О’Брајан вели дека од Христијан Мицкоски не би купил ни автомобил, а не пак да гласа за него.

Попатно не советуваше и нас да не гласаме за него…бидејќи се работи за лажов. Хохштаплер. Шеш-беш. Неискрен човек.

А, таков е. Го прочитале Америве како селски буквар.

О’Брајан само го потврди она за што збориме година ипол. Мицкоски е бандит. Манипулатор.

За жал, Мицкоски е и човекот кој поради својата несериозност, алчност и лажење ја доведе и партијата во ваква состојба. Повторно да ја загуби шансата за победа. Сега нема ништо да му значи ни коалиција со албанската опозиција, бидејќи тие ја добија насоката, токму од О’Брајан.

Скаран со Груевски, Апасиев, Данела, Јакимовски…

Ваква изјава немало од било кој странски дипломат во последниве 30 години. И тоа во многу поголеми кризи. Во војна бевме, вакви изјави немаше.

Туку, нели имаше “тајни средби” со американците, а Христијан?

Нели на ручеци си одел во резиденција кај амбасадорката?

Или само така си го лажеше членството кое знае дека без нивна поддршка повторно ќе останат извисени, во опозиција.

Само ми е жал за оние негови “новинарски” апологети што се истрошија…а беа толку “про-амерички”. Дури и веруваа и ме убедуваа во приказните за тајни средби.

П.С. Ме интересира коментар на Влатко Ѓорчев, Тимчо, Николоски, Луке и останати “американци” во ДПМНЕ за изјавата на О’Брајан.

ЛИНК од статусот на Александар Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа со коментар за кандидатурата на…

Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во…

САД ставија вето: Засега нема крај на…

Синоќа, САД ставија вето на резолуцијата во…

Бајден откри колку американски војници има во…

Во Европа има неколку десетици илјади американски…

„Ќе ги испратиме вашите синови да се…

Познатиот американски новинар Такер Карлсон на социјалната…

(Видео) ЕКСПЛОЗИИ кај американската амбасада во Багдад!

Околината на американската амбасада во специјално обезбедената…