Објавено на:

Михаел Шумахер нацртанан на зграда во Сараево

t

На ѕидот на зградата во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, е нацртана слика на седумкратниот светски шампион во Формула 1, германскиот возач Михаел Шумахер, пренесува А.Анадолија.

Ведран Поричанин, Емир Мусиќ, Ријад Хаџиќ и Бенјамин Ченгиќ, уметници од Босна, со поддршка на институтот „Goethe“ на Босна и Херцеговина, го насликаа ликот на Шумахер на ѕидот на една зграда во Сараево, објаснувајќи дека тоа е подарок за 53-тиот роденден на познатиот пилот.

„Ја нацртавме оваа слика за Сараевчани никогаш да не ги заборават своите вистински пријатели“, рекоа Поричанин, Хаџиќ, Мусиќ и Ченгиќ во заедничката изјава.

Наведувајќи дека областа каде што е нацртана сликата има симболичното значење во соопштението се вели: „По завршувањето на босанската војна, легендарното име Михаел Шумахер ја посети оваа област во Сараево и им подари подароци на децата.“

Покрај легендарниот возач, на ѕидот од зградата е исцртан и болидот на Ферари кое Шумахер го користеше на трките. При цртањето на сликата со големина од 10 х 13 метри, користени се нанотехнолошки бои.

Седумкратниот шампион во Формула 1 Шумахер на 29 декември 2013 година доживеа несреќа додека скијаше на француските Алпи.

Процесот на рехабилитација на Шумахер, чие голем дел од телото е парализирано, од септември 2014 година продолжува во неговиот дом во Швајцарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Додик: Германија го спречи кандидатскиот статус на…

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад…

Шолц: Западен Балкан може да му верува…

Германија ќе продолжи да ги поддржува земјите…

Шарл Мишел: На ЕУ и треба Западен…

Претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел…

Милановиќ за кандидатските статуси: Ако може за…

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ го коментираше…

Утре ќе се одржи петнаесеттата конференција на…

Петнаесетта конференција на началниците на Генералштабовите на…