Мицкоски: Гајбата пред кооперација е поудобна од фотелјата
Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, на одбележувањето 132 години од историското ВМРО и 35 години од сегашното, во обраќањето во Хераклеја во Битола на партиските функционери им рече да не заборават дека фотелјата не е поудобна од гајбата пред кооперација, а уличниот макадам од килимот по хотели и канцеларии.
„Најскапата работа што еден човек може да му ја остави на своето потомство не се парите и имотот, туку честа и чистиот образ. Не смеат функционерите да заборават дека макадамот по селата е поавтентичен и помек од килимот по скапите хотели и канцеларии. А фотелјата е секогаш понеудобна од гајбата пред кооперација, зашто таму извира твојата моќ и твојата цел. Токму затоа, сите функционeри во нашата партија треба да бидат свесни дека она што го работиме не е лична игра, туку служба“, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на…
Македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски,…
Скапата енергија затвора три хемиски погони во…
Хемиската компанија „Инеос“ соопшти дека ја прекинува…
Молдавија прогласи 60-дневна вонредна состојба поради недостиг…
Молдавскиот парламент изгласа 60-дневна вонредна состојба во…
ССМ ќе бара минимална плата од 800…
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најавува…
Трамп најави брза одлука за забрана на…
Американскиот претседател Доналд Трамп поддржа забрана за…