(Видео) Мицкоски дезертираше: Не прифаќа дуел со Арсовска

t

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска има доволен број на дуели во Советот на Град Скопје и нема потреба да излезам на дуел со неа, изјави денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на тетовско Прељубиште во Општина Јегуновце.

– Јас ценам дека ние лидерите на двете партии сме одговорни да обезбедиме тоа што им е потребно на граѓаните и на тоа ниво го повикувам Ковачевски да излеземе пред граѓаните да дебатираме. Кога Арсовска има нешто да каже, мислам дека тоа го прави исклучително плодно на седниците на Советот на Град Скопје заедно со советниците. Мислам дека е тоа вистинско место каде таа треба да ги манифестира своите дебатерски капацитети, рече Мицковски.

Користејќи го неговиот речник, Мицкоски дезертираше од дуел со градоначалничката на Град Скопје. Арсовска го обвини Мицкоски и неговите најблиски соработници за криминал при тендерската постапка за изградба на пречистителна станица на Вардар.

Арсовска од Советот на Град Скопје откри дека Мицкоски и се заканувал.

Сепак таа порача дека во земјава нема доволно силен маж кој ќе и ја загрози безбедноста.

„Да, закани има, секогаш имало и верувам дека ќе продолжи да ги има, меѓутоа повторно тоа се зборови од луѓе кои се несигурни во себе, кои што знаат дека прават нешто кое не е соодветно, кое што не доликува“, вели Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новак: Русија годинава извезла околу 20 отсто…

-И покрај сите изјави и притисоци од…

Пожари предизвикани од плинска боца и бојлер…

РЦУК додаваат дека на терен интервенирале пет…

Брнабиќ: Хрватска сака да го сруши Вучиќ,…

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…

МВР уапси лице барано со потерница

Денес во 06.05 часот, полициски службеници од…

ДУИ: Институциите се заробени

Демократската унија за интеграција вели дека се…