Брнабиќ: Хрватска сака да го сруши Вучиќ, не можат да се помират што економски побрзо напредуваме од нив
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека стратешки интерес на Хрватска е со насилни и недемократски средства да го сруши претседателот на Србија, Алексанадар Вучиќ, и посочи дека Хрватска не може да се помири со фактот дека Србија за прв пат во историјата ќе биде пред Хрватска по БДП.
Брнабиќ, коментирајќи ја изјавата на кандидатот за претседател на Хрватска, Ивана Кекин, кажа дека стратешки интерес на таа земја е Вучиќ да не биде претседател на Србија.
„Ова значи и дека таа земја обезбедува организациона, логистичка разузнавачка и финансиска поддршка на сите напори во земјата и надвор од неа, за да се постигне стратешкиот интерес, а тоа е Александар Вучиќ повеќе да не биде претседател на Србија. Тоа е директно мешање на внатрешнире работи на Србија. Замислете некој од Србија да го каже тоа за Хрватска. Тие повеќе се занимаваат со Србија, отколку со себе“, изјави Брнабиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новогодишна магија во Крива Паланка, плоштадот блесна…
Празнична атмосфера и новогодишна магија го исполнија…
Магаре добило сертификат за медицинска сестра во…
Полицијата во индиската држава Мадја Прадеш започнала…
Шестчасовен прекин на струјата денес во тунелот…
Тунелот Катланово денес ќе остане без електрично…
Лидерите од Брдо-Бриони побараа објективен и предвидлив…
Целосното и навремено членство на земјите од…
15-годишно момче ја нападнало сопствената мајка во…
Момче на возраст од само 15 години…