Мицкоски за реконструкцијата: Преовладува конструктивен амбиент, постои опција и за промена на ресор
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со владините коалициски партнери за реконструкцијата на Владата се одвиваат во конструктивна атмосфера и дека меѓу опциите за кои се разговара е и промена на одделни ресори.
„Во првите разговори можам да признаам дека преовладува конструктивен амбиент. Ќе имаме сега во текот на оваа недела повторно средби. Очекувам тоа да бидат завршни. Во текот на викендот да се формализира сето тоа и со имиња и со останати специфики. Инаку, да, постои опција и за промена на ресор, да, и за тоа е разговарано“, рече Мицкоски.
Тој посочи дека во наредните денови ќе продолжат консултациите со коалициските партнери, по што ќе бидат соопштени конкретните решенија, вклучително и кадровските промени и евентуалните прераспределби на ресори во Владата
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за реконструкцијата: Преовладува конструктивен амбиент, постои…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со…
Мицкоски: Владата ќе реагира ако маркетите не…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во…
Мицкоски: Цените на основните прехранбени производи треба…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во…
Бихевиорална наука и АИ за првпат во…
По речиси две децении присуство на македонскиот…
Екс премиерот Ковачевски стана претседател на невладина…
Со настанот „Future Shift; Економија, технологија, млади“,…