Екс премиерот Ковачевски стана претседател на невладина организација РЕФОРМ 5, првиот настан ќе го одржи денеска

t

Со настанот „Future Shift; Економија, технологија, млади“, денеска ќе биде промовиран стартот на работата на РЕФОРМ5 – Платформа за економска и технолошка трансформација, чиј претседател е поранешниот премиер на Македонија, Димитар Ковачевски.

Настанот ќе се одржи на 22 јуни 2026 година (понеделник), со почеток во 18:00 часот, во EU House Skopje, а на него ќе бидат презентирани анализи и истражувања поврзани со економскиот развој, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и предизвиците со кои се соочуваат младите во Република Северна Македонија.

Агенда;

Проф. д-р Димитар Ковачевски– воведно излагање за РЕФОРМ5 и презентација на активностите на платформата;
Проф. д-р Игор Бимбиловски – осврт на четири меѓународни индекси за дигитална зрелост и иновативност и позицијата на Северна Македонија;
М-р Ристе Костовски – анализа на Индексот за подготвеност за вештачка интелигенција и рангирањето на регионите во светот;
Милош Јованов, истражувач на јавното мислење – презентација на истражување за ставовите на младите во Република Северна Македонија;
Проф. д-р Софија Георгиевска – презентација на истражување на тема „Млади и ментално здравје – колку сме респонзивни на потребите на младите“.

РЕФОРМ5 е непрофитна, невладина организација основана со цел да придонесе кон економскиот, технолошкиот и институционалниот развој на Република Северна Македонија. Активностите на организацијата се усогласени со клучните политики на Европската Унија, вклучувајќи ги агендите за конкурентност и слободен пазар, дигитална трансформација, зелена транзиција и развој на човечкиот капитал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ја обвини Русија за нападот со…

Германија официјално ја обвини Русија за организирање…

Татко го нападнал малолетниот син, мајката вели…

Триесет и петгодишен маж од скопско е…

„Ако знаеле, зошто не постапиле – 63…

Здружението 16 март 2025 реагира на денешното…

Два танкери со саудиска нафта биле нападнати…

Два супертанкери што превезувале саудиска нафта биле…

Пет активни пожари и пет под контрола…

На ден 01.09.2026 година, до 18:00 часот,…