Мицкоски излажа, САД не ја коригираше царинската стапка од 33 отсто

t

Поранешниот заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски упати критики до Христијан Мицкоски, потсетувајќи дека поминал еден месец откако премиерот објавил дека САД ќе ја коригира новата висока царинска стапка од 33 отсто за Макеоднија.

„Триесет дена од “уште денес” на Мицкоски. Денеска се навршува точно еден месец откако премиерот Мицкоски изјави дека “уште денес очекувам убави вести за македонските граѓани”, а во врска со одлуката на САД за воведување висока царинска стапка од 33 отсто за увоз на македонски производи и услуги.
Не’ уверуваше дека неговиот близок пријател Трамп веднаш ќе се корегира, бидејќи “очигледно дека ова е резултат на некаква грешка или на погрешни информации”.

Се разбира, сите тие недоветни изјави се должеа на паниката која настана поради крахот на филмот кој лично им го продаваше на нашите граѓани дека е многу близок со претседателот на САД, дека он веќе го “запоседнал теренот во Вашингтон”, односно “периметарот околу Трамп” и дека тоа е “новото нормално”.

Ако на почетокот беше смешно, сега веќе е жалосно. Во меѓувреме, сериозните анализи на домашните експерти ја демантираа и демонтираа неговата изјава дека “одлуката на Трамп е очекувана”, која истотака беше кажана со цел да го релативизира дебаклот на лажната шеќерна прикаска. Имено, според податоците, Македонија има дефицит во размената на САД. Извозот е околу 110 милион евра, увозот е околу 180 милиони евра, врз основа на што експертите тврдат дека ваквате одлука е сосема неочекувана.

Како и да е, со таквата брилијантна и остроумна стратегија, целосно ги надитривме наивните соседи Албанија и Косово, кои никако не можат да дојдат до Трамп бидејќи Мицкоски ја запоседна Белата куќа. Па така, надиграни од нас, заедно со Црна Гора си останаа со 10 % царина, наспроти 33 % за Македонија.

Во превод, како меур од сапуница почнаа да пукаат лагите. Една по една. Се плашам дека ова е само почетокот“, напиша поранешниот амбасадор на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…

Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…