Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред 3 години
Во случајов можам да кажам, дека имајќи во предвид каква беше состојбата пред 25-26 месеци, она кое што го наследивме со уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. Можам да кажам, колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се сложиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години, а јас ви ветувам дека за три години од денеска ќе се живее многу подобро од денес и тоа е наша цел како Влада, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одгховарајќи на новинарско прашање во однос на забелешките на опозицијата во врска со растот на БДП.
Мотивирани сме како никогаш до сега за да испорачиваме рече премиерот.
-Ќе повторам, мотивирани сме како никогаш до сега, да испорачуваме нешто што се гледа, нешто што граѓаните можат да го видат што допринесува за подобриот стандард и живот за граѓаните и инсирацијата целосно ја црпиме од поддршката што ја добиваме од граѓаните и јас сум за тоа исклучително благодарен, потенцираше Мицкоски и додаде:
„Дека се идеално е, не е. Дека има грешки има, кој работи знае понекогаш и да погреши, но дека е подоброп од пред три години, морате сите да се сложите дека е“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Колку и да сакаат да го…
Во случајов можам да кажам, дека имајќи…
НАТО спречил тајна руска операција кај клучни…
НАТО сојузниците спречиле руска подводна операција во…
Што да очекувате од новите генерации слушни…
Што да очекувате од новите генерации слушни…
Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување…
Ако се прави анализа во последните две…
Тешко повреден е работник од Берово откако…
Работник од Берово на 68-годишна возраст е…
