Мицкоски меѓу гостите на „Тиквешкиот гроздобер“
Кавадарци го слави грозјето. Високи гости денеска дојдоа на „Тиквешки гроздобер”, стопанско – туристичката и културна манифестација, а се одржа и традиционалниот карневал.
Во најголемиот лозаровинарски регион во државата, беа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, министерот за земјоделство Борче Серафимовски, амбасадори и многу други гости од земјава и странство.
– Добредојдовте во Кавадарци, во срцето на Тиквешијата, во градот на грозјето, виното, традицијата и гостопримството. Вашето присуство е чест за Кавадарци и потврда дека традициите најубаво се слават кога се споделуваат. Тиквешкиот Гроздобер е празник кој ги обединува лозарството и винарството, културата и традицијата, но пред се луѓето – рече претседателот на Совет на Општина, Стојанче Рамов.
Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека празникот е посветен на лозарите и винарите, но истовремено претставува можност за промоција на градот, регионот и неговите потенцијали.
Оваа традиција, рече тој, е длабоко поврзана со животот на Тиквешијата.
– Генерации наши сограѓани го посветиле својот труд на лозарството и производството на вино, создавајќи препознатлив производ и градејќи го угледот на Кавадарци како вински центар. Нашата обврска денес е да го зачуваме тоа наследство, но и да создадеме услови за негов натамошен развој. Затоа, Тиквешкиот Гроздобер не треба да го гледаме само како традиционална прослава, туку и како можност за промоција на Кавадарци, за развој на туризмот, за поддршка на локалното стопанство и за создавање нови соработки и пријателства, истакна Јанчев.
Тој додаде дека Кавадарци има што да понуди од својата винска традиција и природни убавини, до гостопримство.
– Нашата цел е овие потенцијали да ги претставуваме и промовираме со достоинство, а градот да биде препознаен како место кое вреди да се посети, да се запознае и повторно да се посети. Особено ми е драго што денес овде имаме гости од различни краеви. Вашето присуство е потврда дека ваквите настани се важни за поврзување на луѓето, институциите и градовите. Верувам дека Тиквешкиот Гроздобер и во иднина ќе продолжи да расте и да се развива, притоа зачувувајќи ја својата основна цел – да ја промовира традицијата, културата и економскиот потенцијал на Тиквешијата, рече Јанчев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски меѓу гостите на „Тиквешкиот гроздобер“
Кавадарци го слави грозјето. Високи гости денеска…
ЦУК: Активни се осум пожари, пет се…
До 18 часот денеска регистрирани се вкупно…
Полицијата ги спречи граѓаните на Ниш да…
Полициски кордон ги запре студентите и граѓаните…
Нова тензија меѓу Аргентина и Британија: Аргентина…
Аргентина повторно го заострува повеќедеценискиот спор со…
На граничниот премин Богородица за излез од…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…