Мицкоски: Многу скоро ќе има парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за сите сценарија!

t

Политичките процеси во земјата повторно ја отворија темата за изборниот циклус, откако премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека парламентарни избори „многу скоро“ ќе има, без да прецизира конкретен термин, објави 4news.mk

Изјавата ја даде при пуштањето во употреба на салата „Расадник“ во скопската општина Кисела Вода, каде што беше прашан дали се мисли на предвремени избори во 2027 година или на редовниот термин во 2028 година. Тој не даде директен одговор, но истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори во секој момент доколку тоа го побара опозицијата.

„Политички умно е кога ќе влезете во втората половина од мандатот да бидете подготвени за било какви сценарија. Ние сме кажале дека нашата опција која ја преферираме како Влада се редовни избори во 2028 година, но сме подготвени ако опозицијата побара да излеземе на терен и да победиме“, изјави Мицкоски.

Премиерот се осврна и на прашањето за реконструкција на Владата, најавувајќи дека разговорите со коалиционите партнери ќе започнат од следната недела.

„Најпрво сакам да ја слушнам визијата, да видиме дали таа се поклопува, па дури потоа можеме да зборуваме за кадровски решенија“, додаде Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Многу скоро ќе има парламентарни избори,…

Политичките процеси во земјата повторно ја отворија…

Лидерот на албанската опозиција, Сали Бериша тргнат…

Лидерот на опозицијата во Албанија, Сали Бериша…

Јакимовски ќе бара да му се одложи…

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе…

Енес Демири ослободен од обвинение за убиството…

Адвокатката Ивана Јакимовска соопштува дека нејзиниот клиент…

Бебе од Куманово заврши во болница по…

Четиринаесетмесечно дете од Куманово било хоспитализирано откако…