Енес Демири ослободен од обвинение за убиството кај Пластичарска

t

Адвокатката Ивана Јакимовска соопштува дека нејзиниот клиент Енес Демири, кој беше уапсен на 21 мај 2025 година под сомнение за убиството кај Пластичарска.

Застапникот на обвинението на денешното рочиште го повлече обвинението, поради приложените докази од страна на одбраната.

– По спроведена темелна и професионална истрага, надлежните органи утврдија дека тој е целосно невин и нема никаква поврзаност со кривичното дело.

Во текот на постапката беа презентирани бројни докази во корист на Демири. Утврдено е дека во моментот на настанот тој се наоѓал на друга локација и разговарал по телефон со својата сопруга. Неговото алиби беше потврдено и од пет сведоци кои дадоа искази пред надлежните органи. Дополнително, беа обезбедени и други материјални докази кои јасно покажаа дека тој не бил инволвиран во настанот.

Врз основа на сите факти и докази собрани во текот на истрагата, обвинението против Енес Демири беше повлечено, а неговата невиност целосно потврдена. – соопшшти бранителката на обвинетиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Енес Демири ослободен од обвинение за убиството…

Адвокатката Ивана Јакимовска соопштува дека нејзиниот клиент…

Израел уби висок генерал на либанската армија

Израелската војска тврди дека возилото влегло во…

Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…

Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…

Телото најдено во буре е на српскиот…

Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…

Апелација ја укина затворската казна за убиството…

Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…