Мицкоски: Модернизиран охридскиот аеродром
Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран е аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, којшто, доби реконструиран патничкиот терминал, со зголемен број шалтери, проширени чек-ин простор, зони за безбедносна контрола и рачен багаж, реорганизиран паркинг, современа опрема и технологија за побезбедно и поефикасно опслужување на патниците.
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на пуштањето во употреба на модернизираниот дел од аеродромот, оцени дека со преземените активности значително е подобрен квалитетот на услугите на аеродромот.
– Со ова охридскиот аеродром добива поинаква динамика, поинакво светло поинаков квалитет и убеден сум дека во периодот којшто следи бројот на патниците, но и бројот на компаниите коишто ги користат услугите на охридскиот аеродром ќе се зголемува. Оваа година се бележат рекорди на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Имаме ден со најголем број патници досега во историјата — повеќе од 3.000. А исто така има и денови кога имаме повеќе од 20 полетувања, што исто така претставува само по себе еден значаен податок којшто е за почит. Убеден дека во периодот којшто претстои со сите градежни активности и поддршката којашто ја даваме како Влада, овие бројки ќе се дуплираат, ќе се триплираат и ќе дојдеме до бројки коишто претставуваат наш нов таргет, рече Мицкоски.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потенцираше дека по напорна работа, се отвора практично нов аеродром – терминална зграда, заедно со помошни простории, коишто, потенцираше, значат многу, многу подобро искуство за патниците споредено со претходно.
Николоски, потсети дека последните големи интервенции на аеродромот се направени во 1970 година и оти сега бројките за развојот на аеродромите се многу над очекувањата и ги рушат сите рекорди. – Охридскиот аеродром само од јануари до јуни оваа година има над 240.000 патници, а двата аеродроми оваа година заедно ќе се приближат до 4 милиони, нешто што беше незамисливо за нашите аеродроми, и ќе продолжиме да растеме – рече Николоски.
Тој потенцира дека интензивно се работи на изградбата на автопатот Охрид – Кичево, од кој делот до аеродромот е завршен. – Најтешката делница ќе се отвори во следните месеци. Очекувам во текот на првото полугодие од следната година да се отвори целиот автопат, а секако продолжуваме и на работа на останатите делници коишто треба да значат поврзување и со Скопје и со скопскиот аеродром – најави Николоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Модернизиран охридскиот аеродром
Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран…
AI агенти создадоа „колектив“, хакираа системи и…
Експеримент на OpenAI во јули 2026 година…
Нарушувања на грчкиот воздушен простор од турски…
Во текот на вчерашниот ден во регионот…
Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје –…
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска…
Гаши го честита Денот на независноста: Државата…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод…