Мицкоски најави нова и поинтензивна динамика со ЕУ
Од денеска ќе почне да се процесуира договореното содржано во ном пејперот на Макрон и Мерц информираша на брифингот со новинарите премиерот Мицкоски , а вели не се исклучува можноста и за проширување на ЕУ во пакет со земјите од Западен Балкан .Повеќе детали поради сензитивноста на разговорите не сакаше да открие но принципите и позициите на владата остануваат не променети .Самитот во Тиват го оцени како еден од најсуштински до сега .
Самитот во Тиват беше еден од најсуштинските , а на кој ги изнесов нашите принципи на кои остануваме . Нов момент е и засилената динамика на разговорите со овластени лица од кабинетите на германскиот канцелар Мерц и фанцускиот претседател Макрон кои ќе се случуваат два пати месечно, а не како до сега два пати годишно. Поради сензитивноста на разговоритеповеќе детали не можам да откријам но не се исклучува можноста и за проширување на ЕУ во пакет со земјите од Западен Балкан .
На брифингот со новинарите премиерот посочи дека веќе се подготвуваат и спремаат и за нов изборен процес, а не ја исклучуваат можноста и за предвремени парламентарни избори во 2027.
Половина мандат веќе помина и секоја влада треба да биде спремна за следниот изборен процес . Не ја исклучувам можноста предвремените парламентарни избори да се случат 2027 . Во врска пак со реконструкцијата на владата можно е да има и смени во некои ресори, но се уште е рано да шпекулираме. Веќе по 15 јуни се ќе биде познато
Премиерот презентираше и околу 15 проекти во делот на инфраструктурата , како што се автопатишта , реконструкција на железници и болници сои според проценките на Владата во следните десетина години би чинеле околу 10 милјарди евра .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски најави нова и поинтензивна динамика со…
Од денеска ќе почне да се процесуира…
ЕФА бара од Бугарија, да се извини…
На годишното собрание на „European Free Alliance“…
Изборните реформи влегуваат во завршна фаза
Работната група за реформи во изборното законодавство…
Меџити: Над плоштадот „Скендербег” ќе изградиме Албанска…
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави…
Ризични објекти како Пулс не биле во…
Материјални докази, односно документи од Дирекцијата за…