Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција, алтернативата го потцени и навреди народот
„Јас жалам повторно што дури и оваа алтернатива која што се претставува дека е алтернатива на опозицијата повторно го потценува народот. И го навредува. Со тоа што го прави купоглед. И таа вели вие од што немате избор затоа сте за Мицкоски и за ВМРО. Мислам самото по себе е нешто кое што претставува оксиморон во целава состојба. Но тоа е нивен проблем, сега мислам знаете и во животот и во политиката немате втора шанса за прв впечаток“.
Вака премиерот Христијан Мицкоски ја коментира изјавата која дојде од поранешни и актуелни функционери на СДСМ, сплотени во платформа 12 и 5.
-Ако ова е првиот впечаток од оваа група која што се нуди како алтернатива на моменталното раководство на СДСМ, тогаш жалам, но мислам дека ја испуштија првата шанса, посебно со ова што го кажаа од првиот чекор, они го навредуваат народот и го потценуваат народот. Е сега, да се вратам на актуелното раководство во СДСМ. Тоа се нивна внатрешна работа, јас не би сакал тука да се мешам, ниту пак планирам, ниту пак имам било каква намера. Она кое што е потребно на Македонија е силна опозиција за да има политичка дебата со владата. Но ние немаме силна опозиција во моментот, рече тој.
Мицкоски оцени дека во делот на опозициската коалиција која што ја предводи ДУИ гледаме стари истрошени структури, повеќе од дваесет години ги знаеме нивните перформанси, знаеме што правеа, имаме институционална меморија и така натаму.
-Од друга страна имате политичка партија која што исто така е опозиција, тоа е политичката партија Левица, која што кога имаше можност да покаже свои перформанси преку две институции во градот Скопје морате да ја признаете дека остави блед, или никаков впечаток, да не речам катастрофален. И по тоа ќе видите дека не само што тие ништо не нудат, туку ајде тоа што измислуваат, тоа што испраќаат пораки како што испраќаат, тоа е нивна работа, јас нема да се мешам. Но сфаќате дека тие не можат да бидат алтернатива, дека таму има една група од десетина-петнаесет луѓе, задоволни се од годишното финансирање, три-четири пати одат на одмор до нашиот јужен сосед, таму ќе ги забележите на тие плажи по бутиците во еден од градовите кај нашиот јужен сосед како купуваат семејно и тоа е отприлика максимумот од таа група на луѓе која што можете да ја очекувате. И конечно го имате раководството на СДСМ коешто на дневно ниво седи, си смислува приказни, излегува на прес-конференции, ги брендира како скандали, големи мали средни, им дава одредена рихтеража коишто само тие ги знаат, и никој друг не ги знае, не ги препознава, и сега ние имаме еден таков опозициски опус во Македонија. Но тоа јас секогаш кога го разговарам и на седниците на извршниот и на централниот комитет на партијата, и на меѓукоалициските средби во владата, велам дека не треба нас сега да не охрабри и да не опушти, добро е, имаме противник којшто е хаотичен, и заглавен во своите политички теми. Напротив, ние треба уште повеќе да дадеме, затоа што ние не смееме да ги изневериме довербата која што ја имаме од граѓаните, бидејќи најголемиот дел од тие кои што ни ја даваат велат вие сте последната шанса. Е сега јас сум убеден дека ние даваме максимум колку што можеме. Дали може повеќе, секогаш може повеќе, рече Мицкоски.
Премиерот вели дека е убеден дека денес Македонија е многу подобро место за живеење отколку пред три години, многу посигурно.
-Луѓето поинаку се чувствуваат, бизнисот е послободен, едноставно се трудиме да бидеме иновативни во секој поглед и убеден сум дека и после три години ќе бидеме подобро место за живеење од денес. Дали денес и дали после три години ќе има проблеми и предизвици, ќе има. Дали повторно ќе има дупки на улиците, ќе има. Дали повторно ќе имаме предизвици во здравството, во образованието и така натаму, да, ќе има и ќе ги решаваме. Исто како што има и во скандинавските земји, исто како што има и во другите земји од Европската Унија. Прашањето е дали ќе ги решаваме, ќе ги препознаваме и решаваме веднаш, или ќе ги ставаме под тепих, тие предизвици, ќе го ограбуваме народот, ќе ја распродаваме земјата, и ќе очекуваме некој друг да ни ги реши работите. Не. Карактерот на оваа влада, и мојот карактер е да кога ќе препознаам предизвик и проблем, да влезам да го решам, а не да го ставам под тепих па што ќе биде понатаму нека биде. Така што еве накратко уште еднаш да потенцирам, не е добро ова што се случува во опозицијата, од друга страна тоа мене ме инспирира како човек повеќе, дополнително да вложам енергија, уште повеќе да испорачаме и уште посилни да влеземе во ова второ полувреме од нашиот мандат како влада, рече премиерот во интервју за МРТ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…
„Јас жалам повторно што дури и оваа…
Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…
Јас не можам да зборувам од аспект…
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…
Голем пожар зафати автоотпад во Тетово, се…
Голем пожар избувна денеска на автоотпад во…
Три лица повредени во сообраќајна несреќа на…
На 25.09.2026 во 20:20 часот во ОВР…