Мицкоски на средба со амбасадорката Рејчел Галовеј: Обединетото Кралство на Велика Британија и понатаму останува еден од стратешките партнери и интереси на ВМРО-ДПМНЕ

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски денеска 12.01.2022 година остварија средба со Амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Рејчел Галовеј.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, економија и енергетската криза со која се соочува државата и граѓаните.

Претседателот Мицкоски посочи дека новиот состав на владата на СДСМ нема легитимитет од страна на граѓаните да владее, укажувајќи дека немањето на стратегија, визија и план од страна на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и поставување на стари истрошени кадри на позиции лошо ќе се одрази врз реформите за кои како што рече се неопходни се со цел Македонија да се придвижи напред.

Од страна на претседателот Мицкоски беа посочени и предизвиците со кои дополнително се соочуваат граѓаните во однос на економската криза, а воедно информираше дека поради задоцнето постапување и лошо менаџирање со државата и институциите Македонија се соочува со енергетска криза која пак негативно влијае на животниот стандард на граѓаните.

Мицкоски се заблагодари на амбасадорката Галовеј за поддршката која Обединетото Кралство и ја дава на Македонија, посочувајќи дека Обединетото Кралство на Велика Британија и понатаму останува еден од стратешките партнери и интереси на ВМРО-ДПМНЕ.

Соговорниците изразија подготвеност за продолжување на добрата соработка и пријателскиот однос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…

ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…

Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира…

Професорот Гордан Калајџиев говорејќи за реформите во…

СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?

„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…

Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…

ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…

Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…