Левица: ВМРО-ДПМНЕ преку Гаши се обидува да ја забрани надзорната расправа за Кочани

t

Ја известуваме јавноста дека претседателот на Собранието на Република Македонија – Африм Гаши од „Вреди“, инструиран од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, прави институционален притисок врз претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот – проф. д-р Димитар Апасиев од Левица, со крајна цел противзаконски да се блокира претстојната парламентарна Надзорна расправа за трагедијата во Кочани, соопштија од политичката партија Левица.

– Откако на Четвртата седница на Постојаната анкетна комисија, одржана на ден 17 јуни 2025 година, пратениците на бескрупулозната владејачка коалиција ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ решија свесно и злонамерно да ја бојкотираат Комисијата со која претседава Апасиев, останатите присутни пратеници – согласно Деловникот – во нивно отсуство донесоа правовалидна одлука (со 1/3 од вкупниот број полноправни членови), за одржување надзорна расправа во Собранието на тема: „Пропустите на државните органи кои придонесоа за трагедијата во Кочани на 16 март 2025“.

Но, по ова – спикерот Гаши испратил интерен службен допис до претседателот на П.А.К. – проф. Апасиев со кој, пречекорувајќи ги своите ингеренции и прекршувајќи го Законот за Собранието, погрешно констатира дека Комисијата „немала првен основ да заседава“ и „не можела да донесува никакви одлуки“!?

Ова, слично како случајот со претходната надзорна расправа за аерозагадувањето, е уште еден очајнички обид на пратениците од корумпираната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ да добие на време и да проба да го амортизира народниот гнев на родителите на трагично загинатите деца во кочанската дискотека „Пулс“, саботирајќи го одржувањето на ваквата надзорна расправа за вака важна тема која, во моментов, е од највисок јавен интерес.

Бездушната вмровска власт се плаши од откривање на мафијашките рекатарски шеми и спрегите на своите корумпирани министри, началници, командири и инспектори – па не дава ниту да се спомне Кочани во македонското Собрание! Но, ние не застануваме тука и ќе ги употребиме сите правни мерки и инструменти кои ни стојат на располагање, како опозициска пратеничка група, ваквата важна расправа да се одржи согласно закон и деловник и, конечно, да се дознае вистината за Кочани. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори…

„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен…

ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори предметот за модуларните…

Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО…

ВМРО-ДПМНЕ: Економските резултати се мерат со бројки,…

Економските резултати се мерат со бројки, а…

Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…

Со нови проекти, нови производствени капацитети и…