Мицкоски: Очекувам огромна поддршка од народот за промени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Македонско радио рече дека иако ситуацијата изгледа безнадежно доброто допрва доаѓа. Сепак според него граѓаните не треба да губат надеж, бидејќи добрите времиња допрва доаѓаат.
„Иако сега состојбата е таква каква што е, поради погрешните политики на актуелната власт, но и тоа ќе заврши. Граѓаните се чувствуваат безнадежно гледаат каква недисциплина владее во општеството во институциите, а тоа е резултат на погрешните политики на владата и хаосот што го создадоа, бидејќи кај нив нема знаење, туку само криминал и корупција“, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека наскоро ќе има предвремени парламентарни избори.
„На предвремените парламентарни избори јас очекувам недвосмислена и огромна поддршка за опозицијата и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Поранешен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ го демантира…
Поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ го демантираат Христијан…
(Видео) “Апасиев е будала, не може да…
Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, вечерва открива…
(Видео) Како не им е срам?! Наместо…
Наместо да излезе на протест за Онкологија,…
(Во живо) Мицкоски е способен за навреди,…
Кога гледате од која кујна доаѓаат сите…
(Во живо) Арсовска: Ова раководство на ДПМНЕ…
Се работи за човек кој разединува наместо…