Мицкоски: Подготвен сум за комптомис со Бугарија
Христијан Мицкоски чека одговор од Брисел како би течеле преговорите со ЕУ ако се донесат измени на Уставот. Во интервју за РСЕ вели дека нема руско влијание во земјата, но смета дека евроскептицизам поттикнуваат дел од бугарските политичари. „Логично е да работам со луѓе во кои имам доверба“, вели Мицкоски за новиот директор на АНБ и најавува огромен скандал со прислушување.
Претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен јасно порача дека единствен чекор до почеток на преговорите се уставните измени на кои државата веќе се согласила. Дали добивте НЕ за уставни промени со одложено дејство?
Мислам дека треба да му дадеме време на времето. Најпрво да го исцрпиме овој чекор, па да зборуваме за следните чекори.
На кој чекор мислите, уставни измени со одложено дејство?
Па да, нешто слично.
Тоа го врзувате и со изборите во Бугарија в недела?
Тоа си е внатрешна работа во Бугарија. Мислам дека ништо не е вечно и дека ако има волја, има и начин. Јас сум убеден дека диктатот не е решение, дека ултиматумот не е решение, дека потребно е да се разговара, се до оној момент додека не се изнајде решение кое што, често пати соговорниците викаат, ќе биде win-win да победат и двете страни, јас имам спротивно мислење, да биде loose-loose, и двете страни по нешто да изгубат. Не е добро ако едната страна губи се, а другата добива. Тоа не е компромис. Впрочем, таков беше и тн. француски предлог. Ние бараме Европската Унија да ги почитува своите принципи и своите вредности. Толку.
Значи, очекувате одговор од Европската комисија. Но ќе треба поддршка и од Бугарија.
Јас сум подготвен со секој да разговарам, јас сум подготвен да седнам буквално со секој еден кој што има чесна намера, добра намера да најдеме решение за овој проблем, бидејќи наша цел е да бидеме дел од европското семејство. Иако, убеден сум дека тоа го заслуживме многу порано, дури и пред некои други земји членки на ЕУ. За жал, поради неправдата која што е нанесена на македонските граѓани и на нас како држава, ние денеска се уште не можеме ниту преговори да почнеме. Ова не е трка во која што вие треба само да учествувате. Ние сме сега дојдени во ситуација кога ќе ја почнеме трката треба јасно да знаеме дека ќе ја завршиме таа трка. А не дека на некој од следните пречки повторно ќе се сопнеме и повторно ќе требаат децении, понижувања и така натаму. Јас не сум таков соговорник. Јас сум соговорник кој што, да, е подготвен на компромис, но доколку тој компромис значи испорака, односно крај, во нашиот случај крајот ќе подразбира полноправно членство во рамките на Европската Унија.
Целото интервју на РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…
Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…
Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…
Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…
Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…