Мицкоски: Потребен е фрoнт, да се обединиме прoтив кoрумпираните политичари и aнти ДУИ – СДСМ фронт, ако сакаме да имаме современа држава

t

Денес на денешната обука на тема „Политички кампањи и целите на женските организации” организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и фондацијата „Jarl Hjalmarson“ свое обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски.

– Најпрвин да се заблагодарам на фондацијата која што изминативе години континуирано го поддржува ВМРО-ДПМНЕ на различни нивоа и за различни структури, тука пред се мислам и на УМС, Извршниот комитет, на партијата, членови на Извршниот комитет на партијата сега и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Таа поддршка многу ни значи затоа што преку ваков вид на обуки ние нормално имаме и трансфер на знаење и искуства од државите кои што се би рекол поискусни од нас и се разбира постари демократи. Од нив можеме да научиме работи кои што овдека не можеме да ги научиме и затоа ваков тип на обуки се многу значајни и мислам и дека и во иднина треба да продолжат истите, заклучи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека раководството на партијата ќе ги фасилитира истите обуки.

– Опцијата за водење на Македонија во иднина е ВМРО-ДПМНЕ. Нормално дека оваа реалност политичка која што е сега во државата не очекувам уште долго време да биде ваква каква што е. Нормално тоа зависи и од нас, како ние во периодот што следи ќе се поставиме, рече Мицкоски.

Мицкоски ја поздрави и претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска и сите членки на самата Унија на жени.

– Членките се нераскинлив дел од партијата. И ја користам оваа прилика да се заблагодарам за одличната соработка досега, за сето она кое што го направија за време на локалните избори, тука мислам на општинските комитети на Унијата на жени, на Извршниот комитет, на претседателката. Мислам дека додадоа огромна вредност во одличниот резултат и во првиот и во вториот круг низ целата држава. И мислам дека се исклучително заслужни за тоа што имаме историски резултат во овие 30 години на независна Македонија, истакна Мицкоски.

– ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период поддржа жена за претседател, за жал не успеавме во таа намера, поради инженерингот кој што се случи на тие избори, но можам да кажам дека од тие избори започна сериозна реформа во партијата и поинаков пристап во водењето на политики. Тогаш почитуваната проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова се нафати на тој предизвик. Позади нејзе застанавте вие, застана партијата, појасни Мицкоски.

Мицкоски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ поддржа и жена кандидат за градоначалник на град Скопје. Арсовска успеа и победи на локалните избори, и сега главниот град има жена градоначалник.

Мицкоски во текот на своето обраќање рече дека денес во Македонија има корумпирани политичари кои што поддржуваа политичари кои што за жал ја заробија државата. Политичари кои што на милитантен начин тоа што не им успеа пред неколку децении сега им успева од внатре од системот да ги уриваат институциите. Вработените во тие институции кои што тие ги водат се целосно демотивирани. Тие институции немаат дисциплина, комплетно се финансиски и материјално се уништени, заробени од страна на претставниците на власта.

– За суштинските прашања кои што денеска се главен предизвик за Македонија и за граѓаните во Македонија без разлика на нивната етничка припадност главните би рекол промотори или главните експоненти на власта се претставниците на ДУИ. Кога станува збор за економијата, кога станува збор за енергетиката кои што се главен предизвик тука се Крешник или Фатмир. Кога станува збор за национални теми, кога станува збор за евроинтегративниот процес тука се Али, Артан и Бујар. Но, кога станува збор за притисок и мобинг врз ВМРО-ДПМНЕ, врз македонскиот народ тука се Оливер, Вилма, Љупчо и останатите. Од прилика таа е реалноста во која што ние живееме, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека поради тоа треба да се даде се од себе за да таа реалност се промени, за да може Македонија да тргне напред. А, граѓаните во Македонија да можат да се чувствуваат сигурни во сопствената држава без разлика на нивната етничка припадност.

– Ние треба да креираме фронт и да се обединиме против корумпираните политичари и анти ДУИ – СДСМ фронт, ако сакаме да имаме современа држава, држава која што ќе ги следи современите текови на дигитализација, на вештачка интелигенција и вистинска зелена агенда, порача Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски ја притиска опозицијата: ВМРО-ДПМНЕ да расчисти…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска го повтори ставот…

Ковачевски: Референдумот предложен од опозицијата е за…

Димитар Ковачевски смета дека прашањето за референдум што…

Централниот Комитет ги поддржува пратениците да не…

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница…

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за…

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница…

Толкава партија, а како се резилат: Ако…

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вчера потпишаа…