Мицкоски: Предлозите за министри што денес се пред вас се насочени кон обезбедување стабилност, функционалност и одговорност во работењето на Владата

t

– Денес пред вас го доставувам предлогот за избор на двајца министри, со цел целосно и функционално екипирање на Владата и обезбедување континуитет во работата на клучни ресори од извршната власт, изјави денес премиерот од Парламентот. Целата изјава ја пренесуваме во целост:

За министер за животна средина и просторно планирање го предлагам Муамет Хоџа.

Кандидатот располага со долгогодишно искуство во државната управа и во извршната власт, со ангажмани во повеќе институции и со раководни позиции кои подразбираат одговорност, координација и работа во сложена административна и институционална средина. Неговото досегашно професионално искуство обезбедува познавање на процедурите, меѓуинституционалната соработка и потребата од усогласување на различни јавни политики.

Министерството за животна средина и просторно планирање има важна улога во креирањето и спроведувањето на политики поврзани со одржливиот развој, рационалното користење на просторот и заштитата на животната средина. За овој ресор е потребен пристап коишто ќе се темели на законитост, институционална стабилност и континуитет во работењето, што сметам дека кандидатот може да го обезбеди.

За министер за европски прашања го предлагам Беким Сали. Беким Сали има претходно искуство како министер, како и тековен ангажман во законодавната власт, што му овозможува јасно разбирање на односите меѓу извршната и законодавната власт и на начинот на функционирање на државните институции. Ова искуство е особено значајно за Министерството за европски прашања, кое има координативна улога во процесите поврзани со европската интеграција и реформските обврски на државата. Ресорот европски прашања бара систематска работа, усогласување на институциите и следење на обврските што произлегуваат од националните и европските документи. Очекувањето е дека кандидатот ќе придонесе кон поефикасна координација и институционален пристап во овие процеси. Дозволете ми тука да му се заблагодарам и на претходниот министер за европски прашања, г. Орхан Муртезани којшто со својата работа и со својот пристап додаде вредност врз работењето на Владата и евроинтегративниот процес на државата. Очекувам во тој дух и во таа насока да продолжиме а Орхан ќе биде дел од мојот кабинет во иднина и ќе го координира процесот на следење на исполнување на реформската агенда, нешто коешто е многу важно за интегративните европски процеси на државата. Почитувани пратеници, Владата што ја водам останува посветена на одговорно, транспарентно и законито вршење на својата работа. Наш приоритет е стабилно функционирање на институциите, доследно спроведување на реформите и создавање услови за подобар квалитет на живот за граѓаните. Секој член на Владата има јасна обврска да работи професионално, отчетно и во рамките на Уставот и законите, со цел да се обезбеди доверба во институциите и континуитет во државните политики. Предлозите што денес се пред вас се насочени кон обезбедување стабилност, функционалност и одговорност во работењето на Владата. Од предложените кандидати се очекува своите функции да ги извршуваат професионално, во согласност со Уставот и законите, и во рамки на надлежностите утврдени со закон. Ве повикувам да ги поддржите овие предлози. Ви благодарам.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Предлозите за министри што денес се…

– Денес пред вас го доставувам предлогот…

Во петок на пладне протест пред зградата…

Во петок на пладне ќе има протест…

Албанија се вооружа со ракетни системи „Џавелин“…

Албанија официјално е опремена со противтенковскиот ракетен…

CNN: Откриени се повеќе од еден милион…

Министерството за правда на САД соопшти дека…

ТРАМП СЕ ЗАКАНИ: Ќе им ги одземе…

Американскиот претседател се закани на телевизиите дека…