Албанија се вооружа со ракетни системи „Џавелин“ од САД, втората испорака идната година

t

Албанија официјално е опремена со противтенковскиот ракетен систем „Џавелин“, еден од најнапредните одбранбени системи што ги користат земјите-членки на НАТО.

Министерот за одбрана Пиро Венгу објави дека пристигнувањето на овој систем е резултат на тесната соработка со стратешкиот сојузник – САД.

Венгу за време на посетата на една од воените базите, каде што беше примена првата пратка од овие системи, министерот Венгу изјави дека пристигнувањето на противтенковските системи „Џавелин“ претставува важен чекор во зајакнувањето на одбранбените капацитети на албанските вооружени сили, зголемувањето на интероперабилноста со НАТО и националната безбедност.

-Станува збор за реализација на поранешно барање, кое веќе се материјализира со модерна противтенковска опрема од највисоки стандарди. Оваа испорака е дел од планиран процес, додека втората фаза од испораката се очекува во текот на 2026 година. Оваа помош и оваа билатерална соработка со САД ја вклучува не само Албанија, туку и Косово, што е од стратешко значење за регионалната безбедност, изјави Венгу.

Тој додаде дека Албанија го нарачала системот „Џавелин“ како дел од своите програми за воена соработка со САД, преку механизмите за продажба на странски воени оружја (ФМС).

Овој систем се смета за клучен елемент за копнена одбрана, значително зголемувајќи ја способноста на копнените сили да се спротивстават на напредните закани и да дејствуваат во согласност со стандардите на Алијансата. Тоа е противтенковски ракетен систем од најновата генерација, произведен во САД. Системот е многу ефикасен против оклопни возила и е широко користен од армиите на НАТО, како и во реални борбени операции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Утрото ќе биде ведро и студено. Во…

Германија очекува нови руски хибридни напади

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…

Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…

Паралелно со геополитичката криза се развива уште…

Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…

Иран се подготвува за поширок и посилен…