Мицкоски: Славија ја продаваат без пари, а е проценета над 20 милиони евра

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во интервју на Македонско Радио во однос на лошата економска состојба и распродажбата на државен имот како АД „Славија“ која без проценка се распродава по многу ниска цена од околу 200 илјади евра истакна дека вредноста на капиталот, акциите, и имотот е околу 20 милиони евра а притоа никој не ја споменува можноста и потенцијалот да се градат станбени единици што всушност е и позадината на целиот тој случај.

„Има проценка 20 милиони евра е вредноста, капиталот на АД „Славија“ а се продава за 200 илјади евра, криминал од невидени размери или обид за криминал од невидени размери, а никој тука не ги споменува урбанистичките можности, потенцијалот да се градат станбени единици, тука се многу повеќе пари тоа е и позадината на целиот овој случај“ истакна Мицкоски.

Птретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицксоки додаде и дека од позиција на опозиција градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со макотрпно работење и грижа за граѓаните ќе покажат како се работи чесно и во интерес на граѓаните и земјата.

„Ме прашавте како , едноставно со чесно работење со макотрпно работење ,бидејќи ние сме во опозиција ние не сме во позиција да влијаеме врз носење закони и реформи во судството. Од позиција на опозиција можеме преку градоначалниците да покажеме како чесно се работи, да имааме луѓе кои што нема да имаат афери, луѓе кои што ќе бидат достапни за граѓаните во рамките на своите можности и надлежности“ нагласи Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрин Ахмети го демантира Лефков: Ги извршиме…

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ,…

(Видео) Мециновиќ до ДПМНЕ и ЗНАМ: Вие…

Реплика на пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ,…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…

Петровска за ВМРО-ДПМНЕ: Се обидуваат да ме…

ДПМНЕ да се опаметат, водат држава, а…

СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува криминалците…

Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки…