Мицкоски: Современиот патриотизам се докажува со инвестиции, реформи и силни институции

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќање на настан по повод споменот на Ѓорче Петров, порача дека делото на Ѓорче Петров и идеалите за слободна и достоинствена Македонија остануваат трајна инспирација, а денешниот патриотизам треба да се докажува преку развој, силни институции и подобар живот за граѓаните.

,,Денес, кога оддаваме почит на неговиот лик и дело, не се поклонуваме само пред човек кој го вгради својот живот во темелите на историската ВМРО, туку и пред една идеја која останува жива повеќе од еден век. Идејата дека Македонија има право на своја иднина, дека македонскиот народ има право на достоинство, дека слободата има цена, а таа цена секогаш ја плаќаат најхрабрите, најчесните и најпосветените луѓе на своето време“, вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Ѓорче Петров преку своето капитално дело ,,Материјали по изучувањето на Македонија“, покажал дека љубовта кон татковината се изразува и преку знаење, истражување и зачувување на историјата и идентитетот, и додаде дека историјата има вредност само ако се применат нејзините поуки за иднината.

,,Во исто време, Ѓорче Петров бил човек на книгата, на науката и на знаењето. Неговото капитално дело „Материјали по изучувањето на Македонија“, претставува сведоштво дека љубовта кон татковината не се покажува само со револуционерна борба, туку и преку истражување, преку разбирање на сопствениот народ, преку грижа за неговата историја, култура, географија и идентитет. Тој верувал дека народ кој не се познава себеси тешко може да ја обликува својата иднина, а народ кој ја познава својата историја никогаш не дозволува некој друг да му ја пишува“, истакна Мицкоски и додаде:

,,Историјата има вредност само тогаш кога знаеме да ги препознаеме поуките што ни ги остава. Ако денес зборуваме само за минатото, а не научиме ништо за иднината, тогаш не сме ја исполниле нашата должност кон оние што ја создавале оваа држава“.

Мицкоски порача дека денешната генерација има обврска да изгради силна и просперитетна Македонија, со развој, силни институции, еднаква правда и можности засновани на труд.

,,Нашата генерација нема задача да создава револуционерни организации и да води ослободителни борби како неговата генерација. Нашата задача е да изградиме држава која ќе биде достојна за нивната жртва. Да изградиме Македонија во која младите ќе сакаат да останат. Македонија во која ќе се отвораат нови фабрики, ќе се градат нови патишта, железници, училишта и болници. Македонија во која институциите ќе бидат силни, правдата ќе биде еднаква за сите, а успехот ќе зависи од трудот, а не од привилегираните“, посочи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека патриотизмот денес не се мери со големи зборови, туку со резултати, нови инвестиции, секое ново работно место, со реформи кои ја прават државата поорганизирана, посилна и поуспешна, и како што вели тој, со способноста да се создадат институции во кои граѓани ќе имаат доверба и држава што ќе биде стабилна, економски силна и почитувана.

,,Токму затоа нашата борба денес е борба за развој. Борба за силна економија, за нови инвестиции, за подобри плати, за модерно образование, за здравство што ќе биде достапно и квалитетно, за владеење на правото, против корупцијата борба. Борба за Македонија која ќе биде држава на можности, а не држава на изгубени шанси. Тоа е современиот патриотизам“, заклучи Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Современиот патриотизам се докажува со инвестиции,…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќање…

Бројот на загинати израелски војници во Либан…

L Израелската армија денеска соопшти дека уште…

Папата се помоли за жртвите и повредените…

Папата Лав Четиринаесетти денеска изрази жалење поради…

Скап Ренџ Ровер утринава запален во Центар

Денеска во раните утрински часови, околу 04:05…

„Аксиос“: Договорот меѓу САД и Иран ги…

Четиридневните разговори меѓу Израел и Либан во…