Мицкоски: Целта на случајот со Ива Михајлова е политичка, да и се нанесе штета на владата на ВМРО-ДПМНЕ
Премиерот Христијан Мицкоски верува дека зад случајот со Ива Михајлова се крие политичка позадина за да и се нанесе штета на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и дека тоа е синхронизирано со опозицијата во земјава.
– Она што мене повеќе ме загрижува е состојбата што на ниво на хистерија ја направија одредени медиуми и политичари кај нашиот источен сосед. Не се проблемот односите меѓу двете држави, туку да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ и на мене затоа што на овој начин покажувајќи некаков тип на политички мускули во координирана акција и јавна дебата со македонската опозиција, и тоа е очигледно. И македонската опозиција ќе прави политички притисок врз актуелната Влада и на тој начин тие ценат дека политичката репутација на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја намалат во очите на граѓаните – рече вечерва Мицкоски на гостување на телевизија 21.
Тој рече дека Михајлова не поминала на легален граничен премин во Бугарија.
– Границата е помината нелегално. Штом јас ви го говорам ова, ви го кажувам со голема доза на прецизност. МВР тоа го истражува и ќе дојдеме до одговорите, но нема никаква вистина со она што го зборуваше адвокатот којшто сам по себе има одредено проблематично минато – истакна Мицкоски.
Не гледа пропуст кај институциите во државата и повтори дека правдата ќе ги стигне и Ива Михајлова и нејзиниот татко правосилно осуден во случајот „Детонатор“.
– Не мислам дека ова што го направиле за нив е спас и кога тогаш тие ќе одговараат. Ако мислам дека на овој начин ќе ја заобиколат правдата се лажат, а тоа што го направија властите кај нашиот источен сосед не можам да кажам дека е умен потег и мислам дека нивната репутација е сериозно нарушена на меѓународната сцена, но тоа е нивна работа – рече Мицкоски.
Најави дека прашањето ќе биде покренато и на состаноците на НАТО, посочувајќи дека Македонија очекува лицата да бидат испорачани и да се соочат со правдата.
– Ова ќе биде покренато и на состаноците на НАТО Алијансата, бидејќи наш партнер во НАТО денес е прибежиште на осудени криминалци и ние очекуваме во најскоро време тие да бидат испорачани на правдата. Но, исто така ова ќе биде покренато и кај нашите партнери во Европската Унија. Не би сакал осуден криминалец да биде причина за неспроведување на правдата, не би сакал да верувам дека моменталното политичко водство кај нашиот источен сосед ќе биде алиби за осудени криминалци од државата да барат бугарски пасоши и преку нелегални премини да бегаат и да барат свое прибежиште таму – рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Целта на случајот со Ива Михајлова…
Премиерот Христијан Мицкоски верува дека зад случајот…
ЕУ стравува од недостиг на гас зимава,…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Мицкоски: Прашањето со Ива ќе биде покренато…
Премиерот Христијан Мицкоски во емисијата „Click Plus“…
Оставка од Илијана Јотова и Румен Радев,…
Демонстранти се собраа на мирни протести пред…
ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на нечовечките и надвор…
ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на нечовечките и надвор…