Мицкоски: Ќе предложиме намалување на бројот на пратеници и една изборна единица, помали трошоци, без гломазни процедури

t

Ексклузивно можеби за Вашата емисија размислуваме да предложиме еден концепт кој што цениме ако навистина дел од партиите во Парламентот се искрени би можело да го прифатат, а од друга страна мислам дека граѓаните ќе го поздрават, а тоа е намалување на бројот на пратеници. Бидејќи можеби 120 пратеници е преголем број, да бидеме да речеме 90 е во словенечкиот модел и една изборна единица, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „360 степени“ на АлсатМ телевизија.

Мицкоски додаде дека според Уставот сега бројката се движи од 120 до 140 пратеници.

– Треба да се интервенира тука, да се намали на 90. Цениме дека можеби овој гломазен систем ваков каков што е од 120 е преголем. Преголеми се трошоците, преголема е и акумулираната моќ, еве да го намалиме сето тоа на 90-тина. Да го намалиме бројот на привилегирани пратеници, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го подржи предлогот на помалите политички партии за една изборна единица.

– Мнозински изборен модел ние се залагавме, но немавме поддршка кај другите политички партии. Дали се исплашени, дали имаат некои други аргументи. Ние како политичари треба да сме креативни и да работиме за доброто на граѓаните и да нудиме решенија кои што ќе бидат за граѓаните. Е, сега ако некој вели дека една изборна единица е една изборна единица, и дека мнозинството на граѓани сакаат една изборна единица ние рековме дека ние сме подготвени да разгивараме, појасни Мицкоски.

Мицкоски рече ајде да се стави тоа решение на маса во Парламентот.

– Да го намалиме бројот на пратеници, ако може една европска Словенија да има 90, и тоа многу побогати се, зошто една Македонија да го има тој луксуз и да има 120 пратеници. Ајде да имаме 90 пратеници, укажа Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…

Откако СДСМ побара да се објават анализите…

ВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е…

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС денес повторно се обиде да…

СДС денес повторно се обиде да произведе…

Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…

Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче и Заев се главните…

СДС и актуелното раководство продолжуваат со лагите…