Партиска реорганизација: Проширување на Извршниот комитет и плус двајца потпретседатели

ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе има нов состав на Извршниот комитет и ќе има и 4 потпретседатели. Меѓутоа лидерот на оваа партија, Христијан Мицкоски не ги открива имињата, но вели дека ќе има проширување и дека ќе има и нови луѓе.
„Ние сме сега во внатрешно реорганизирање на партијата, во понеделник имаме централен комитет, ќе излезам пред членовите на Централниот комитет со новиот состав на Извршниот комитет, ќе има проширување, ќе има и нови луѓе во извршниот, ќе има и некои кои и досега биле, ќе бидат некаде 28-29 луѓе. Ќе има проширување и во делот на потпретседателите, од двајца ќе бидат четворица, така што ценам дека ќе има еден навистина сериозен државнички капацитет, кој што ќе може да биде алтернатива заедно со тимот на стратешки соработници. Откако ќе ги формираме телата на партијата ќе излеземе со јасен план, инаку дефинитивно секој ден за нас е ден кога треба на правиме притисок и затоа понудивме во парламентот измени во законот за Влада“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…
ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…
Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира…
Професорот Гордан Калајџиев говорејќи за реформите во…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…
Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…
ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…
Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…
Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…