Мицкоски: Ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди и да поддржува домашни уметници
„Најпрвин, ќе ми дозволите да им се заблагодарам на сите луѓе коишто учествуваа во оваа достоинствена прослава и одбележување на 35-годишнината од независноста. Почнувајќи од првиот настан, каде што гостуваше повторно светска ѕвезда на стадионот во Битола — под Тумбе Кафе, на 2-ри август, па сè до последниот настан, каде што беше повторно мега-светска ѕвезда — Дејвид Гета. Во меѓувреме имавме неколку мјузикли низ градовите во државата, под мотото „Силно светнал ден“. Потоа беше оној настап на светската мега-ѕвезда, Хосе Карерас, заедно со македонскиот „ол-стар“ состав на скопскиот плоштад. Тука беа и поединечни настани, исто така со светски ѕвезди во Струмица — Окенфолд, Ван Дајк, македонски рок-бендови, меѓу кои и концертот на „Меморија“ во Струмица итн. Станува збор за опфат од помеѓу 200.000 и 250.000 среќни македонски граѓани коишто ова лето се дружеа со македонските, но и со светските ѕвезди“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостувањето во Централниот дневник на МРТ.
Мицкоски се осврна на активностите коишто се одвиваа по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија и соопшти дека ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди, како и да се поддржуваат домашните уметници.
„Им благодарам на македонските пејачи, актери, организатори, продуценти, режисери, сценаристи — нека ми прости некој ако биде заборавен. Им благодарам што направија навистина лето коешто ќе биде незаборавно, лето коешто долго ќе се памети и ќе претставува основа за годините коишто следат“, рече Мицкоски и додаде:
„Јас слушав на прес-конференцијата дека обврска на организаторот е да достави трошковник до Државната лотарија и, според изјавите на директорот на Државната лотарија, тој трошковник ќе биде доставен и објавен. Така што опозицијата нека продолжи да тоне во своите интриги и измислици, а ние ќе продолжиме да работиме и да го испорачуваме она што го очекуваат граѓаните од нас. Еве, ќе кажам и ќе најавам тука повторно, уште еднаш, дека општествено одговорна компанија како Државната лотарија ќе продолжи и во годините коишто следат да ги поддржува македонските културни работници, македонските актери, македонските музички изведувачи итн.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Ќе продолжи праксата Владата да помага…
„Најпрвин, ќе ми дозволите да им се…
Руска фрегата испукал две сигнални ракети кон…
Руски фрегата испукал две сигнални ракети кон…
Сомнеж за саботажа предизвика големи прекини во…
Железничкиот сообраќај во делови од источна и…
Тешко повреден полицаец од Фронтекс, го удрило…
На 13.09.2026 околу 12:30 часот во с.Банско,…
Ноќ на масовни напади: Погодена пумпа во…
Русија и Украина во текот на ноќта…