Објавено на:

Мицотакис постави црвени линии за соседите: Македонија да го почитува Преспанскиот, Албанија да го реши Белерис ако сакаме ЕУ

t

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчкиот весник „Македонија“ ги повлече врвените линии на Грција кон соседните земји Македонија, Албанија и Турција.

Три недели пред европските избори, грчкиот премиер во интервју за „МтК“ упати строга порака до раководството на Македонија: „Новиот претседател на Северна Македонија направи нелегален и провокативен избор да го прекрши официјалниот текст на нејзината заклетва и ја нарекуваат државата под друго име од она што е дефинирано со Уставот на самата соседна држава. Според тоа, не го прекрши само Договорот од Преспа, туку и Уставот на својата земја“, нагласува тој.

-Од наша страна го повикуваме новиот претседател да избегне слични незаконски и провокативни избори, кои секако категорично наведуваме дека нема да ги прифатиме. Се подразбира дека европскиот курс на Скопје зависи од чесното почитување на договореното. Затоа, раководството на Северна Македонија мора да сфати дека од пријателството со Грција треба само да профитира, вели Мицотакис во интервјуто.

Тој упати и порака до опозициската грчка партија СИРИЗА кои во парламентот ги доставија на ратификација трите меморандуми од Договорот од Преспа, обврска која со години не ја спроведува Грција.

-Во однос на  тоа што функционерите на СИРИЗА сега бараат од нас да се забрза ратификацијата на Меморандумите од Договорот од Преспа, не се потребни многу зборови. Неприфатливо е грчките сили да предлагаат нешто што другата страна не го ни предлага! Зошто Атина не може да понуди нешто што Скопје веќе го навредува преку својот нов претседател. Потсетувам дека во 2019 година гласавме против Договорот, без никогаш да кажеме дека ќе го откажеме. Едноставно затоа што тоа не е можно. Јас тогаш од говорницата на Собранието укажав на неговите неуспеси и предупредував за проблемите што тие ќе ги создадат. Ние опстојувавме како опозиција, знаејќи дека откако ќе се донесе обврзувачкиот договор за државата, тој не се менува. Сега, како влада, мора да го почитуваме грчкиот потпис на меѓународен договор, нагласи Мицотакис.

Тој беше дециден и повтори дека нема да ги ратификуваат Меморандумите се додека не раководството на Македонија доследно не ги почитува одредбите од Преспанскиот договор.

-Очигледно го почитуваме она што е договорено во меѓународен договор. Но, донесувањето на нејзините поединечни меморандуми зависи и од другата страна. И, пред се, од тоа колку ќе се покаже доследна во меѓународните обврски. Значи, очекуваме да го одржат договореното. И ние како држава која има континуитет и доследност ќе го направиме пропишаното соодветно, рече Мицотакис.

Случајот „Балерис“ го кочи патот на Албанија кон ЕУ

Грчкиот премиер се осврна и на отворените прашања со Албанија кои се заострија откако албанскиот суд го осуди на две години затвор градоначалникот на Химара Фреди Белерис под обвинение за купување гласови, по што Грција се закани дека ќе го блокира пристапниот процес на Албанија кон ЕУ.

-Прашањата во грчко-албанските и евроалбанските односи, секако, остануваат. А, премиерот на Албанија не може да ги заобиколи условите за пристапување на неговата земја во ЕУ: прво, почитувањето на владеењето на правото, кое е предвидено во член 2 од Договорот за Европската унија. Ќе бидам јасен: со незаконскиот истражен притвор на избраниот градоначалник на Химара, а сега кандидат на НД за Европскиот парламент, Фредис Белерис, Албанија ја нарушува вредноста на владеењето на правото, укинувајќи го неговото очигледно право да му се суди на основата на презумпцијата на невиност. Според тоа, ова не е само билатерално, туку првенствено европско прашање. И бидејќи пристапниот пат на Албанија зависи од почитувањето на основните права на грчкото малцинство, тој неминовно минува низ нашата земја. Не да се „помири“ или „казнува“. Но, да се види како Албанија непречено се приклучува на патот на европските вредности. За, конечно, учеството на Фредис Белерис во европското ливче на нашата фракција, иако не коментирам за поединечни кандидатури, само ќе кажам дека ја симболизира нашата поддршка за Републиката, вели Мицотакис.

Во однос на отворените прашања со соседот Турција, Мицотакис подвлече дека меѓу двете земји во односите има голем напредок, на полето на економијата, инвестициите, туризмот, соработката во здравство и миграциите, но неговата четврта по ред средба со турскиот претседател Ердоган не донесе конкретно решение за деценискиот спор меѓу двете земји за островите во Егејот и демилитаризацијата на воздушниот и морскиот простор во Источниот Медитеран.

-Да не занемарува дека нашата единствена централна разлика со соседната земја останува: континенталниот гребен и Ексклузивните економски зони (ЕЕЗ) во Егејот и Источниот Медитеран. Сепак, додека не се реши ова прашање, врз основа на меѓународното право и правото на морето, ние мора да одговориме на денешницата. Со напредокот во таканаречените прашања од „ниска политика“, тие се од големо значење за животот на граѓаните од двете страни на Егејот. Во овој поглед, би се согласил со насловот на еден турски весник ден по мојата посета, кој вели дека тоа е „Многу убав ден во Егејот“. Ваквите убави денови се во наши раце за да ги претвориме во цела сезона.

Мицотакис зборуваше и за европските избори на 9 мај како клучни за Грција но и за Европа бидејќи, рече, ќе се одразат и на внатрешно-политичките корелации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја стресе и Албанија

Епицентарот бил во близина на Валона, на…

Секој петти автомобил во ЕУ ќе функционира…

Српскиот литиум, привлекува големо внимание во последните…

Албанската полиција само во округот Скадар годинава…

Во рамки на националната акција „Чиста територија“…

Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…

Земјотрес со размери од 4,8 степени според…

Унгарија ја тужи ЕУ

Унгарија ја тужи Европската Унија, со цел…