Миjaлков и неговите адвokaти позитивни на кopoнавирусот – денешното poчиште одлoжeно

t

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков е позитивен на Ковид-19. Мијалков е во изолација од 10 дена, која може да се продолжи доколку тој има симптоми на вирусот. Решението за изолација од државниот санитарен инспекторат е издадено на 10 јануари. И адвокатите Петар Василевски, Гоце Ристевски и Гордана Нацева се позитивни на вирусот.

Поради ова, денеска во Кривичниот суд се одложи рочиштето за предметот Плацови на Водно. Ова беше прво закажано рочиште откако Мијалков пред нова година беше пуштен на слобода, односно му беше укинат притворот со гаранција од 11 милиони евра, а со слична сума пред Божиќ беше пуштен и бизнисменот Орце Камчев. И на двајцата им се суди за Плацовите на Водно. Судијата Илија Трпков наредното судење го закажа за 24 јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

После скоро година дена започнува судењето за…

 Во Основниот суд во Тетово денеска треба…

Судењето зa убиството на Денис Тот почнува…

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис…

Гужва пред Кривичен: Јавноста спречена да го…

Голем медиумски интерес предизвикува судењето за случајот…

Хаос во судница на судењето на „Плацеви…

Веројатно ако прашате било кој адвокат кој…

(Видео) Во живо: Почна cyдењето на Новак…

Во тек е судењето на најдобриот светски…