Објавено на:

Мнозинството Американци и Канаѓани сметаат дека Трамп погрешил со царините за Канада

t

Мнозинството граѓани во САД и во Канада сметаат дека американскиот претседател Доналд Трамп донел погрешна одлука со воведувањето нови царини за канадската стока, покажуваат резултатите од најновата анкета на „Политико“.

Според истражувањето, 56 отсто од испитаниците во САД сметаат дека Трамп погрешил со воведувањето царини за стоките од северниот сосед, додека 26 отсто го поддржуваат овој потег. Во Канада, пак, несогласувањето е драстично поголемо — дури 83 отсто од испитаниците сметаат дека американскиот претседател донел погрешна одлука, а само осум отсто ја оценуваат како исправна.

Канаѓаните во голема мера му даваат поддршка на својот премиер Марк Карни за одговорот кон Вашингтон. Околу 71 отсто од канадските граѓани сметаат дека Карни постапил правилно со воведувањето реципрочни царини за американските производи, додека 17 отсто не се согласуваат со тоа. Од друга страна, Американците се поделени во однос на потегот на Карни — 33 отсто сметаат дека тој постапил исправно, а 31 отсто го оценуваат неговиот чекор како погрешен.

Анкетата беше спроведена преку интернет од 13 до 15 септември, опфаќајќи 2.064 полнолетни испитаници во САД и 2.119 во Канада, со маргина на грешка од 2,2 процентни поени за американскиот и 2,1 процентен поен за канадскиот примерок.

Трговската ескалација следуваше откако Трамп воведе царина од 50 отсто за канадска стока во вредност од околу 20 милијарди долари по пропа пропаѓањето на преговорите во август, на што Канада одговори со противмерки на 8 септември. Како дополнителен чекор, САД најавија целосна забрана за увоз на одредени канадски производи, меѓу кои мотоцикли и виски, која треба да стапи на сила на 29 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мнозинството Американци и Канаѓани сметаат дека Трамп…

Мнозинството граѓани во САД и во Канада…

Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…

Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…

ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…

Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…

Руте ги прозва Европејците: Чекате Америка да…

„Зошто сите повторно се свртуваат кон САД…