МНР: Македонците да го напуштат Иран во прва безбедна прилика
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) упати итен апел македонските државјани што се наоѓаат во Исламска Република Иран да ја напуштат земјата „во прва можна и безбедна прилика“, поради влошената безбедносна состојба.
Во истото известување се апелира да се одложат сите патувања кон Иран што не се неопходни, со образложение дека ситуацијата може дополнително да се влоши и со тоа да се намалат можностите за навремено и безбедно заминување.
МНРиНТ соопшти дека ги става на располагање сите капацитети за асистенција на македонските државјани преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736 и електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефон на Дипломатско-конзуларното претставништво во Анкара: +90 539 456 97 10.
Апелот од Скопје доаѓа во поширок бран предупредувања од повеќе држави и институции, кои последниве денови ја оценуваат безбедносната состојба во Иран како непредвидлива и ризична, особено во контекст на јавни собири и можни ограничувања на комуникациите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР: Македонците да го напуштат Иран во…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…
Министерството за финансии се пофали дека успешно…
Министерството за финасии успешно ја реализираше аукцијата…
И Ахмети по Апасиев одлучи да оди…
Али Ахмети ќе присуствува на утрешната лидерска…
Трамп прашан што мисли со објавата „помошта…
Американскиот претседател Доналд Трамп остана мистериозен во…
Поранешниот јужнокорејски претседател се соочува со смртна…
Јужнокорејски обвинител денес побара смртна казна за…