И Ахмети по Апасиев одлучи да оди на лидерска, осамен во бојкотот остана Филипче
Али Ахмети ќе присуствува на утрешната лидерска средба. Ова е одлука на партиското тело. Избор на Влада со Бадентер, одлуките на Уставен за законите со Бадентер, да се носат со двојно мнозинство, членството на Македонија во ЕУ и договорот кој што ДУИ го нуди за спас на државата, ова ќе бидат барањата на ДУИ кој од партијата е овластен да носи одлуки на средбата.
Потврда за учество има и од Левица. Тие ќе бараат изборна единица и еднаков медиумски пристап за избори за сите партии.
Само СДСМ, Венко Филипче, уште веднаш го одби повикот на Мицкоски за консензус за клучните прашања за државата.
„На Мицкоски и на ВМРО им се брза со предремени избори и мигранти за пари, но факт е дека не се созреани условите во општеството за укинување на техничката влада поради криминалната власт.Во вакви услови укинувањето на техничката влада би значело директен удар врз демократијата и загрозување на волјата на граѓаните.Техничката влада мора да остне и СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми, да го заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните”, вели Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран со закана за земјите кои ќе…
Иран се закани со одмазда против секоја…
Израелската армија ликвидираше тројца припадници на Хамас…
Израел продолжува да изведува целни убиства на…
Во делови од земјата појава на град,…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира…
Трамп се закани дека ќе ги удвои…
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот најави…
Апасиев: Филипче не знае каде тера, прво…
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во изјава…