МНР на Бугарија негира дека испратило дипломатска нота за патувањето на семејството на Мицкоски во Пампорово
Министерството за надворешни работи на Бугарија негира дека испратило дипломатска нота поврзана со посетата на Бугарија на сопругата и помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски. Во соопштение испратено до бугарските медиуми, од МНР на Бугарија велат дека информациите што деновиве циркулираат во јавноста се однесуваат на вербална нота од 6 јануари годинава и се однесуваат на настани што поминале одамна.
„Во моментов, оваа информација не може да се сфати како основа за заклучоци дека постои непосредна опасност по безбедноста на граѓаните на Бугарија или на друга земја. Министерството за надворешни работи придава големо значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и строго се придржува кон утврдените меѓународни правила и практики во оваа област“, велат од Министерството на Бугарија.
Говорејќи за односите со Софија, премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека била објавена дипломатска нота за неколкудневен престој на неговата сопруга и помалиот син во Пампорово, Бугарија, на почетокот на годината. Рече дека за случајот веќе ги информирал партнерите во НАТО бидејќи со објавувањето на дипломатската нота, како што кажа, се загрозува безбедноста на неговото семејство.
По неговата изјава, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во Скопје бил повикан бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков, од кого било побарано објаснување и темелна истрага од страна на Софија за објавувањето на дипломатската нота за патувањето на семејството на Мицкоски во Пампорово.
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски оцени дека ваквото постапување е неприфатливо според меѓународното право во односите меѓу две држави, независно од тоа дали меѓу нив постојат тензии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР на Бугарија негира дека испратило дипломатска…
Министерството за надворешни работи на Бугарија негира…
Европските лидери по средбата во Германија: „Единство…
Европските лидери денес ја потврдија својата посветеност…
Сали во 24 анализа: Социјала кај ВМРО-ДПМНЕ,…
Имаме начален договор правда согласно состојбата да…
Иран тврди дека САД ги задржуваат членовите…
Американските домаќински претставници „предизвикаа проблеми“ за напаѓачот…
Таравари бара гаранции за преговори со ЕУ,…
Од Алијанса за Албанците истакнуваат дека кога…