Таравари бара гаранции за преговори со ЕУ, а не функции и привилегии, велат од Алијансата за Албанците
Од Алијанса за Албанците истакнуваат дека кога Таравари бара гаранции за почеток на преговорите со ЕУ, не бара функции или политички пазарења.
„Кога нашиот претседател д-р Арбен Таравари бара јасни гаранции за почеток на преговорите со Европската Унија и за гласањето на уставните измени, тој не бара функции, привилегии или политички пазарења. Тој бара сигурност за граѓаните, перспектива за младите и јасен европски пат за државата“, се истакнува во партиското соопштение.
Ова барање, како што посочуваат, јасно го истакнаа и највисоките претставници на Европската Унија.
„Уставните измени се клучниот услов за деблокирање на процесот. Но Владата, а особено ВЛЕН, кој ветуваше дека европската интеграција ќе биде приоритет, денес молчи пред блокадата и останува на власт без гаранции, без резултати и без одговорност.
Северна Македонија, некогаш меѓу првите земји во регионот со кандидатски статус, денес гледа како Црна Гора и Албанија напредуваат, додека ние остануваме заложници на политичките калкулации. Секоја изгубена година значи помалку инвестиции, понизок животен стандард и повеќе млади кои својата европска иднина ја бараат со напуштање на државата“.
Овој застој, оценуваат од Алијанса за Албанците, не е несреќа туку политички избор. „А за тој избор, некој мора да понесе одговорност“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран предупреди дека ќе одговори и на…
Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач…
Тензии во Норфолк: Морнарите од носачот „Џорџ…
Семејствата на морнарите од американскиот носач на…
САД ГИ ПРЕДУПРЕДИЛЕ ИЗРАЕЛ И ЗЕМЈИТЕ ОД…
Соединетите Американски Држави испратиле предупредување до Израел…
Иран тврди дека четири танкери биле погодени…
Иранските воени власти на 12 ноември соопштија…
(Видео) Поранешена портпаролка на Зеленски: Тој е…
Јулија Мендел, поранешната портпаролка на украинскиот претседател…