Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
Ниту Приштина, ниту Белград не се задоволни од пресудата на Специлизираниот совет за Косово во Хаг. Постои ли ризик прогласувањето на Тачи, Красниќи, Весели и Селими за воени злосторници да предизвика ескалација?
Српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќање до нацијата рече дека во пресудата на судот не биле опфатени и најголемите злосторства што Тачи и неговите сорабници ги сториле.
– Со пресудата не се опфатени, како што реков, злосторствата против човештвото. Целосно се отфрлени сите шест точки, бидејќи судот утврдил дека нападите биле насочени кон поединци, а не кон пошироката популација. Сите злосторства изврешени врз Србите по 20 јуни 1999 година не се земени предвид. Не заборавајте дека некои од нив се најтешките можни, затоа што се сметало дека оттогаш пристигнал КФОР и немало оружени судири на територијата на Косово и Метохија. Трговијата со органи и „Жолтата куќа“ не се дел од обвинението поради неможноста да се обезбедат докази, повторно поради неможноста за вештачење на трансплантираните органи. Судот не ја прогласи ОВК за злосторничка организација сама по себе, туку само поединци, рече Вучиќ во обраќањето до нацијата.
Професорот Злате Димовски во гостувањето во „Тема на денот“ рече дека немирите во Приштина и во Хаг се повеќе емотивни отколку што навистина постои енергија за ескалација. Сепак, вели дека безбедносните служби ќе мора да го проверат теренот.
– Првичниот овој момент на реакција не би можело дека и понатаму нема да продолжи, дека нема да имаме продолжен ефект од сето тоа што се случуваше денес. Така што, безбедносните служби, разузнавачките служби мора да бидат на штрек, да собираат информации и сознанија цело време за да можат да ги следат севкупните настани. Ова не значи дека со денешните настани може да престане или евентуално дека ќе се осили, јас и вие од оваа позиција. Тоа сепак се работи на терен, да се видат сите расположенија затоа што, пазете, и самите институции, сите оние лица коишто се инволвирани, самите ветерани, изјавуваат дека нема да реагираат, меѓутоа во сите тие средини замислите, и надвор од средините има екстремни лица на коишто им треба мал повод, мала причина за да си ги изразат своите чувствува, вели Димовски.
Во меѓувреме, Соединетите Американски Држави, Европската Унија и Велика Британија повикаа да се почитува хашката пресуда. И ЕУ и САД сметаат дека станува збор за лична одговорност и правда за жртвите и нивните семејства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Можна ли е ескалација по пресудата на…
Ниту Приштина, ниту Белград не се задоволни…
Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен…
Европската Комисија наскоро ќе објави нови патокази…
Николоски потврди дека сѐ уште нема решение…
Веќе осум месеци имаме разговор и дијалог…
Четири земји со повеќе од 100 милиони…
Додека главната дебата во Европа се однесува…
Гутереш изрази подготвеност да биде домаќин на…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…