Можно е редуцирање на линиите на ЈСП поради најавените врнежи од снег
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги известува корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските температури и најавите за можни снежни врнежи кои ќе го зафатат главниот град и околината, а се очекува да продолжат и во наредните неколку денови, можно е привремено редуцирање на одредени автобуски линии.
Поради евентуална непроодност на патиштата, дел од линиите ќе сообраќаат до локации кои ќе бидат оценети како безбедни и проодни за возилата на ЈСП Скопје, согласно проценките на надлежните служби.
Доколку не постојат услови за безбедно одвивање на сообраќајот, ЈСП Скопје ќе биде приморано да изврши дополнителни измени, за што јавноста ќе биде навремено информирана. Во услови на стабилно време, јавниот превоз ќе се одвива според редуцираниот делничен зимски возен ред, кој важи до завршувањето на зимскиот училиштен распуст.
Во оваа насока, екипите на ЈСП Скопје, заедно со службите на Градот Скопје и локалните самоуправи, со соодветна механизација, континуирано ќе бидат на терен со цел навремено и ефикасно обезбедување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Целта на овие активности е превентивно делување и создавање услови за што понепречено функционирање на јавниот превоз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Можно е редуцирање на линиите на ЈСП…
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги известува корисниците…
79-годишен скопјанец претепан од возач на автобус,…
Вчера (09.01.2026) околу 08:30 часот во СВР…
Жена тешко повредена во автобус на ЈСП
Жена од Скопје се здобила со тешки…
Метео: Претпладне дожд, попладне снег!
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно…
Забрана за камиони на ГП Меџитлија –…
Утрово сообраќајот на државните патишта се одвива…