Забрана за камиони на ГП Меџитлија – патничките возила со нормален проток
Утрово сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Од денеска важи забрана за движење на товарни моторни возила преку Граничниот премин Ники (Меџитлија) до 10 јануари 2026 година, до 10 часот. За патничките возила сообраќајот преку овој премин се одвива непречено.
Од 15 ноември 2025 година е на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите моторни возила, без оглед на временските услови. Обврската ќе важи до 15 март 2026 година.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од урбаните средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Падна првиот снег во Македонија
Првиот ден од есента донесе вистинско изненадување…
На последниот ден од летото вее снег…
Денес во српскиот туристички центар Копаони падна…
Поларен бран со снег го погоди Нов…
Силен поларен бран го погоди Нов Зеланд,…
Ѓорѓиевски: Има пропусти со отпадот, но наскоро…
Градоначалникот на Скопје не се согласува со…
Левица: Регионалните патишта се распаѓаат под товарот…
Регионалните и селските патишта низ Македонија сѐ…