Монструозен случај: Татко го оставил седумгодишниот син на планината Фуџи бидејќи бил уморен, па продолжил да се качува сам
Наместо да продолжи со семејното искачување, седумгодишно момче останало само на планината Фуџи, откако неговиот татко му рекол да почека на едно место бидејќи било уморно. 48-годишниот маж потоа продолжил кон врвот со својот постар син.
Момчето било пронајдено околу 7:30 часот во четвртокот, како седи на клупа во близина на шестата станица од планинарската рута, на надморска височина од повеќе од 2.000 метри. Во тој момент на планината имало магла и дожд.
Според локалните медиуми, таткото му оставил на детето само безалкохолен пијалак и ужина, по што продолжил нагоре. Вработени во планинарски дом го забележале момчето и ја известиле полицијата.
Полицајците подоцна го пронашле таткото на осмата станица, која од местото каде што било детето била оддалечена околу три часа пешачење.
Откако таткото се вратил и повторно се сретнал со синот, полицијата го опоменала поради неговата постапка.
„Дури и ако тоа значи да се откажеме од заедничкото искачување на планината, оставањето дете зад себе е неприфатливо“, му рекол полицаецот, пренесуваат јапонските медиуми.
Таткото наводно се извинил и признал дека донел „брза“ одлука.
Семејството се движело по рутата Фуџиномија, која започнува од петтата станица на Фуџи. Оттаму до врвот се потребни околу пет часа пешачење, а за спуштање уште околу три часа.
Планината Фуџи е висока 3.776 метри и е една од трите традиционални „свети планини“ во Јапонија. Во 2013 година беше прогласена за светско наследство.
Секоја година околу 200.000 луѓе ја посетуваат планината и се искачуваат по нејзините рути, но во последните години се регистрирани повеќе несреќи и случаи во кои планинари морале да бидат спасувани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Монструозен случај: Татко го оставил седумгодишниот син…
Наместо да продолжи со семејното искачување, седумгодишно…
Американски суд ја поништи забраната на Трамп…
Американски суд ја поништи забраната на Трамп…
Путин се закани со нови напади врз…
Рускиот претседател Владимир Путин најави дека Москва…
Франција испраќа ракети за Украина по нападот…
Франција ја засилува воената помош за Украина…
Следната недела мало заладување: Температури од 37…
Од понеделник дневната температура ќе почнат да…