МОРЕТО ИСФРЛИ 700.000 ЕВРА ВО КЕСА ОД „ЛИДЛ“ – Кратко траеше радоста на капачите
Необичен и мистериозен настан ги шокираше капачите откако морето исфрли на брегот 700.000 евра спакувани во пластични кеси.
Еврата биле спакувани во пластични кеси, ставени во кеса од „Лидл“ и уште една кеса за пазарување со кечап од домати од малтешкиот бренд „Three Hills“.
Инцидентот се случил на 28 јули. На глисерот, долг околу 5,5 метри, му снемало гориво недалеку од брегот на Казуца, западно од Марина ди Рагуза. Во него се наоѓале тројца возрасни од Малта и едно тринаесетгодишно дете, пренесува Malta Today.
Пред да пристигнат спасувачите, луѓето од глисерот наводно фрлиле во водата неколку пакети со банкноти, во проценета вредност од 700.000 евра.
Луѓето на плажата, кои забележале како парите плутаат меѓу брановите, влетале во морето за да ги земат банкнотите, што предизвикало хаос на брегот.
Полицијата успеала да ги поврати речиси сите пари извлечени од водата.
Сите четворица патници биле идентификувани и спроведени во локалната канцеларија на крајбрежната стража на распит. Глисерот бил одвлечен во пристаништето и запленет за техничко вештачење. Италијанската полиција се обидува да го утврди потеклото на готовината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наместо пари, тутунарите добија извинување: Исплатата на…
Наместо пари тутунарите добија извинување од претседателот…
Службеник на ЦИА украл над 300 килограми…
Дејвид Раш, поранешен извршен службеник во Централната…
СДСМ: Муцунски се фали со пари кои…
Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони…
Осуден е лажен лекар од Охрид кој…
Пет и пол години затвор доби измамникот…
Тајкуните масовно го префрлаат капиталот од Дубаи…
Сјајот на метрополите Абу Даби и Дубаи…