Објавено на:

Морничаво – Оставено писмо на гробовите на родителите на Путин: Вие сте родители на лудак, сите се молат да умре

t

Државното обвинителство во Санкт Петербург побарало тригодишна затворска казна за жена која оставила порака со „навредлива содржина“ на гробот на родителите на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти организацијата за човекови права ОВД-Инфо.

Истрагата против Ирина Цибанева (60) беше покрената во октомври минатата година, а според „Ројтерс“, Обвинителството денеска побарало тригодишна условна казна за жената.

Рускиот портал „Медијазона“ објави дека во пораката таткото и мајката на Путин се нарекуваат „родители на лудак“ и се наведува дека „целиот свет се моли за неговата смрт“.

„Смрт за Путин, воскресна изрод и убиец“, наводно пишувало во пораката оставена на гробот на родителите на Путин.

Надлежните ја обвинуваат Цибанева за кршење на законот за достоинство на починатите и сквернавење на гробишта, како и за пропагирање „непријателска политика“. По апсењето, на жената и е одреден привремен домашен притвор.

Цибанева не негира дека таа е автор на пораката. Таа вели дека ја напишала откако ги гледала вестите и „сфатила дека сѐ е многу страшно, сѐ е тажно и има многу мртви“.

Здружението ОВД-Инфо објави дека безмалку 20.000 луѓе (19.673) досега се приведени поради протестите против руската агресија врз Украина од нејзиното започнување на 24 февруари 2022 година, а против повеќе од 550 се води кривична постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

Емотивно писмо од универзитетска професорка во Србија:…

„Веќе не гледаме бран во вас, гледаме…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Не прифаќаме одложено дејство: Бугарите од Македонија…

Бугарите во Република Македонија бараат да се…

Ахмети напишал писма до меѓународните лидери: Загрозени…

Шефот на опозициската ДУИ, Али Ахмети испратил…